• Latest

Северна Македонија останува најтешката тема за Софија

April 23, 2022
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Северна Македонија останува најтешката тема за Софија

Според медиумски наводи, можно е спорот да се решава преку механизам во кој барањата на Софија до Скопје ќе бидат придружени со распоред за исполнување, а ЕК ќе следи дали тоа се почитува.

April 23, 2022 19:00
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

И покрај последните тензии на релација Софија – Скопје по отворањето на Клубот „Ванчо Михајлов ВМРО“, не се покриени со пепел напорите да се дојде до решение кое ќе го деблокира македонскиот интегративен пат. Бугарскиот весник „Дневник“ пишува во сегашната фаза најконфликтна тема во владината коалицијата е ветото против Северна Македонија, а повикувајќи се на извори од коалицијата обелоденува низ каков механизам е можно да се бара решението.

„Претставници на коалицијата за ‘Дневник’ тврдат дека се договориле да престанат јавните напади врз премиерот Кирил Петков на таа тема и дека пред да зборуваат за рокови за укинувањето на ветото, ќе се обединеле околу позициите. Според изворите, властите ќе предложат механизам, според кој Бугарија ќе ги претстави своите конкретни барања до Северна Македонија, како и распоред за тоа кога се очекува да бидат исполнети, а идејата е нивното почитување да го следи Европската комисија”, пишува „Дневник”.

Весникот наведува дека разногласијата за оваа тема доаѓаат во време кога иницијативата за решавање на конфликтот што ја блокира македонската, а со тоа и албанската евроинтеграција – е во Софија.

„Причината е што во последните месеци позициите на двете земји се приближија, а најтешкото прашање пред нив (како што покажа тензијата околу посетата на Петков во Битола) е како да го претстават договореното на прифатлив начин без да предизвикаат политичка бура. Според информација на ‘Дневник’, меѓу Софија и Скопје нема принципиелни разлики за идниот договор, но пристапувањето кон него и негово финално оформување во моментов не е на дневен ред поради разногласија во власта во Бугарија“, се вели во анализата.

Гаранции од Брисел

Централно место во потенцијалниот договор заземало прашањето за вклучување на Бугарите во македонскиот устав како т.н. дел од народ (етничка заедница со загарантирани права) на рамноправна основа со Албанците, Турците, Ромите, Бошњаците и Власите.

„Тоа е процедура која кабинетот на Кирил Петков ја побара откако на неа инсистираше претседателот Румен Радев и која премиерот Димитар Ковачевски ја дозволи како возможна, но неговиот тим се уште не ја покренал. Бугарија би била подготвена да се откаже од ветото на денот кога ќе почне процедурата, и сака (а според соговорници на ‘Дневник’ може да добие) гаранции од Брисел во преговарачката рамка за Северна Македонија – дека правата на Бугарите ќе бидат гарантирани. Тоа би го претворило нивното додавање во македонскиот устав во фактички услов за членство“, пишува весникот.

Притоа потсетува дека за промена на Уставот е потребно двотретинско мнозинство во македонскиот парламент, што значи дека се потребни и гласовите на опозицијата, но дека „Софија ги продолжува разговорите со ВМРО-ДПМНЕ, која за возврат бара признавање на македонското малцинство”. Сепак, во анализата не се исклучува пресврт во позицијата на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи „партијата поддржала промена на името во парламентот пред три години, иако повела многу поголемо протестно движење против Договорот со Грција, отколку што некогаш организирала против бугарската вето”.

Според информација на весникот, било неопходно, а и можно, да се заврши барем еден период (на пример, средниот век) во ангажманот на заедничката Комисија за историски и образовни прашања, а претстои да се дознае дали работата на оваа Комисија која го насочила општественото внимание кон бугарско-македонскиот спор, ќе биде регулирана со дополнителни обврски во евентуален договор.

Во однос на можниот договор, се посочуваат два главни проблеми. „Прво, не сите партнери гледаат политичка полза во него. Климата во Скопје е слична; тоа е и причината што нема конкретни рокови за договорот, и покрај сугестиите од минатата недела дека министерката за надворешни работи Теодора Генчовска ѝ го објаснила спротивното на нејзината германска колешка Аналена Бербок. Немањето на конкретен договор беше потврдено и од македонскиот премиер Димитар Ковачевски, и покрај уверувањата на опозицијата дека одлуката ќе биде донесено лично од него. Второ, како што истакна соговорник на ‘Дневник’ од Софија, запознаен со политичките расположенија во Скопје, повторно се активирани силите на отпорот од двете страни, како и при секој обид за пробив. Епизодата со тензијата околу центарот за култура во Битола и неговото отворање токму во моментот на потенцијален пробив, смета изворот, не е случајна, но одби да даде детали“, пишува весникот.

ВМРО: „Не ја предавај Македонија“

Делумно и заради сомневања во можен потенцијален пробив, односно за отстапки од Софија, веќе се најавени и првите протести. Вонпарламентарната опозициска партија ВМРО, чиј почесен претседател е Красимир Каракачанов, поранешен министер за одбрана во владата на Борисов и приврзаник на политиката на ветото, објави дека ќе почне национална кампања во заштита на бугарскиот интерес во билатералните односи со Северна Македонија. Преку редица протестни настани под мотото „Не ја предавај Македонија”, партијата ќе испраќа пораки до бугарските власти дека „интересите на Бугарија и на македонските Бугари не се заменуваат и не се продаваат за визи и авиолинии, и дека историјата на двете држави е заедничка“.

Во партискиот проглас се вели дека за Северна Македонија нема место во ЕУ додека не се оттргне од коминтерновскиот модел на политика и не докаже ќе ги гарантира правата на луѓето со бугарска самосвест. Како повод за протестите ги посочуваат „неодамнешите провокации од македонска страна за време на посетата на бугарскиот премиер во Битола, системското нарушување на Договорот за доброседство, и видливите признаци на властите за отстапка од бугарската позиција“. / ДВ 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ