• Latest

Четири години „подарокот“ од 33 милиони евра за рускиот гасовод сè уште е во истрага

June 18, 2022

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Четири години „подарокот“ од 33 милиони евра за рускиот гасовод сè уште е во истрага

Иако станува збор за една од највисоките суми за кои СЈО утврдило дека е оштетен буџетот, дури 33 милиони евра, со кои требаше да се регулира рускиот долг кон земјава, случајот сè уште тапка во место, а од Јавното обвинителство, кое ги презеде предметите на СЈО, велат дека сè уште се чекаат одговори од Русија. Ставрески само еднаш, во 2019 година, беше виден во просториите на Финансиската полиција на распит за овој случај кој се однесува на рускиот гасовод

June 18, 2022 12:14
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Предметот „Подарок“ што во 2018 година го отвори тогашното Специјалното јавно обвинителство (СЈО), каде како осомничени се јавуваат ексминистерот за финансии, Зоран Ставрески и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, веќе четврта година е во истражна постапка. Во случајот, Ставрески и Јанакиески се сомничат дека за руска фирма од Москва прибавиле имотна корист од речиси 33 милиони евра, откако склучиле спогодба за изградба на гасовод, со која би се регулирал рускиот долг од некогашниот СССР кон поранешната СФРЈ во делот на обврските кон С. Македонија, пишува во анализата на  Вистономер.

Иако станува збор за една од највисоките суми за кои СЈО утврдило дека е оштетен буџетот, случајот сè уште тапка во место, а од Јавното обвинителство, кое ги презеде предметите на СЈО, велат дека сè уште се чекаат одговори од Русија. Ставрески само еднаш, во 2019 година, беше виден во просториите на Финансиската полиција на распит за овој случај.

Предметот за кој покажувате интерес е во истражна постапка. Се прибира доказен материјал неопходен за расчистување на случајот. Со оглед дека во предметот има меѓународен елемент, Обвинителството ги искористи и механизмите на меѓународна правна помош​ за да ги побара неопходните податоци што до овој момент не се пристигнати како одговор на ова барање, велат од Обвинителството за „Вистиномер“.

Според она што го соопшти СЈО од истрагата, Ставрески и Јанакиески биле овластени претставници за спроведување на меѓувладината спогодба, склучена на 19 јуни 2010 година во Санкт Петерсбург меѓу двете влади, руската и македонската. Со спогодбата се регулирал рускиот долг во износ од 60.560.242 американски долари, кој требало да се затвори преку испорака на стоки, услуги и извршување на работи. Во преговорите, Ставрески и Јанакиески договориле таа сума да се затвори со изградба на магистрален гасовод, делница „Клечовце – Блок станица 5″ за вкупна сума од 75.700.303 американски долари или 55.647.292 евра, при што Русија требало да учествува со 80 отсто, а Македонија со 20 отсто.

Претходно, по нарачка на Министерството за транспорт и врски била изготвена Физибилити студија за изградба на гасоводна делница Клечовце – Штип, која била подолга за речиси 36 километри во однос на претходно споменатиот договор за делницата „Клечовце- Блок станица 5″.

Согласно студијата цената на чинење на изградба на делницата би била помеѓу 30 и 35 милиони евра, така што осомничените Ставрески и Јанакиески биле  свесни дека реалната цена е многу пониска од онаа договорена со руската страна. Сепак, и покрај тоа Ставрески и Јанакиески целокупниот руски долг го затвориле со обезбедување на услуга – изградба на гасовод, во изведба на компанијата од Москва ОАД Стројтрансгас. Така, на затворена владина седница, со присуство на осомничените министри, Владата донела заклучок да се прифати понудата на руската компанија и да се потпише конечен договор. Потоа, Собранието на РМ, го прифатил владиниот предлог и во скратена постапка донело закон за изградба на гасоводот, при што од пратениците биле сокриени фактите од Физибилити студијата, според кои, реалната цена на чинење е далеку пониска, или, само 378.626 евра (за еден километар гасовод).

Според СЈО, осомничениот Крсте Миладинов, како директор на „Македонски енергетски ресурси” ја прифатил нереално високата цена на услугата од Договорот, иако бил запознат со Физибилити студијата, оттаму и со реалната цена на чинењето на изградбата на гасоводот, па на 9 јули 2014 во Скопје го склучил Договорот со руската компанија, со што, според СЈО, ѝ била овозможена противправна имотна корист од 32.664.672 евра, колку што е впрочем оштетен и буџетот на С. Македонија.

Со една реченица, Македонија фактички со свои средства си го платила гасоводот, бидејќи учествувала со 20 отсто во договорот, што отприлика е целокупната (реалната ) сума на чинење, а долгот на Русија спрема Македонија, фактички останал „подарок” за Русија, изјавија од СЈО во 2018 година.

Поранешниот министер за финансии Ставрески е осомничен единствено во овој случај на поранешното Специјално јавно обвинителство. Ова Обвинителство заврши во дебела сенка по отворањето на случајот „Рекет“ во кој меѓу обвинетите, а сега осудените, беше неговата некогашна шефица Катица Јанева, која издржува затворска казна од 7 години.

Специјалното јавно обвинителство ги предаде сите предмети во Државното јавното обвинителство во 2019 година, а предметите продолжија да ги водат истите обвинители. За истрагите отворени по 2017 година, прислушуваните аудио снимки важат само како индиции, а не се користат како докази на суд. Голем број предмети сè уште се во истражна постапка.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ