Денешното ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ е: Како ќе изгледа светот со Доналд Трамп?
Уште од првиот ден, веднаш по инаугурацијата, новиот американски претседател почна со лавина од извршни одлуки – 78 одлуки и политики на неговиот претходник Џо Бајден беа збришани со еден потпис.
Помилува повеќе од илјада напаѓачи на Капитолот на 6 јануари 2021, секојдневно депортира илјадници имигранти, создаде тензии со Канада, Гренланд, Данска, Панама, ЕУ, НАТО, предлага иселување на еден милион Палестинци од Газа и низа други одлуки и експлозивни изјави што се, најблаго кажано, контроверзни. Донесе низа одлуки што директно ги засегнуваат животот, здравјето, благосостојбата и правата на Американците, но и на голем дел од светот.
Што мислите, како ќе изгледа светот со Доналд Трамп во Овалната соба и Мар-а-Лаго.
Пишете коментар или порака. Вашето мислење е извонредно важно. Учествувајте!
Со учество во сегментот #ПрашањеНаДенот, секој има можност да учествува во нашите заеднички напори да посочиме на клучните прашања со кои се соочуваме во секојдневниот живот, но и да се обидеме да споделиме мислења и совети едни со други, да споделиме искуства, да посочиме кон решенијата.
ВКЛУЧЕТЕ СЕ.
Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори ќе бидат објавени во посебен прилог.
Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.
Редакција ЦивилМедиа