Службата за безбедност на Украина и забрани на романската европратеничка и лидерка на партијата „СОС Романија“, Дијана Шошоака, влез во Украина на три години. Одлуката следи по нејзиното писмо до рускиот претседател Владимир Путин, во кое бара Романија да си ги врати териториите што сега се под украинска контрола, повикувајќи се на пактот Рибентроп-Молотов од 1939 година.
Украинската амбасада во Букурешт остро реагираше, осудувајќи ги овие изјави како неприфатливи и спротивни на меѓународните норми и Повелбата на ОН.












