• Latest

Комисијата за финансирање ја заврши амандманската расправа за ребаланост на Буџетот

July 14, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски бара разрешување на министрите за правда и енергетика на Украина

November 12, 2025
Илустрација ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (4): Недостапни избирачки места – правото на глас заглавено на втор кат

November 12, 2025
Фотографија: UNOPS South East Europe - Platform X

Конференција Western Balkans 2030: Потребни се десетици милијарди евра за да се прилагоди регионот на климатските промени

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (3): ИО не дозволил да гласа граѓанин кој го имало при проверка со фингрпринт, но го немало во Избирачкиот список, иако во првиот круг му дозволиле

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Комисијата за финансирање ја заврши амандманската расправа за ребаланост на Буџетот

July 14, 2025 14:34
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

обраниската Комисија за финансирање и буџет денеска  ја заврши расправата по амандманите за Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2025 година и го проследи на натамошна постапка во Собранието. Во текот на денешната расправа се одлучуваше по комисиските амандмани, при што беше прифатен еден, за дополнителни средства за Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип.

На предлог на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски мнозинството прифати да се обезбедат пет милиони денари за функционирање на Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип, каде, како што образложи Стојановски, во кругот на болницата треба да почне да се градат нов медицински факултет и студентски дом со 200 легла, а во насока на подготовка на реалзиација на проектот за Клиничката болница во Штип.

Заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски наведе дека аманданот се прифаќа заради, како што рече, вонредните околности кои ги споенал пратеникот. Реагираа дел од пратениците од Европскиот фронт со тврдење, како рече Рина Ајдари, за дискриминација бидејќи не биле прифатени амандманите со кои бараа средства за Универзитетот „Мајка Тереза“.Во реплика Стојановски ги отфрли нејзините твредења изнесувајќи податоци за обезбедени дополнителни 139 милиони денари за тој универзитет.

Не беа прифатени комисиските амандмани од пратениците на СДСМ за обезбедување милијарда и 200 милиони  денари за финансиска поддршка на повредените и семејствата на починатите во пожарот во Кочани и за медицинска опрема за Општата болница во Кочани, како и за 500 милиони денари за пожарникарските служби, за плати, подобрување на механзиација, набавка на заштитна опрема. СДСМ ги најави минатата недела кога повлече 142 амандмани за ребалансот за кој вкупно беа поднесени 200.

– Во март ни се случи најголемата трагедија, Владата не инвестираше доволно, ќе речам многу малку во справувањето со последиците од оваа несреќе. Најголем дел од донациите што беа дадени се од граѓани и општествено одговорни компании преку Црвен крст и „Супорт Кочани“. Секојдневно сме сведоци на барањето за помош и поддршка за повредените од трагедијата и сметаме дека ова ќе помогне во справувањето со последиците, рече пратеничката од СДСМ Јованка Тренчевска.

Јанкуловски, го отфрли амандманот, истакнувајќи дека постојано се преземаат активности по пожарот во Кочани и оти во моментов се работи на системско решение со кое ќе се вклучи и финансиска помош и се што е потребно.

– Владата од првиот момент од кобната вечер кога се случи настанот презеде и презема дејствија за санирање на последиците што настанаа од таа вечер и кои ги имаме до ден денес. Владата е во постојана комуникација со семејствата и на загинатите и на повредените. Преку Министерството за здравство веќе се изведуваат активности во Општата болница во Кочани, преку Фондот за здравство осигурување постојано се набавува потребниот медицински материјал, преку МВР заедно со ФЗОМ се пружа и психолошка нега на пациентите. Се работи на системско решение. Ако сакаме вистински да им помогнеме  на сите кои загубиле  деца и им се повредиле децата и општо да ја ублажиме состојбата потребен е сериозен системски пристап во кој во план сме да вклучиме повеќе ресори, како и Министерството за демографија и млади каде ќе се обезбеди меѓу другото и финансиската помош и се што е потребно за да се подобрат работите во општина Кочани, наведе Јанакуловски.

Дебатата за ребалансот почна на 2 јули со општа расправа која траеше три дена, по што стартуваше амандманската. Покрај СДСМ амандмани повлече и Вреди.

Во тек на расправата минатата недела поддршка доби и амандман од пратениците од власта, кој се однесуваше на обезбедување средства во износ од 50 милиони денари за исплата на надомест на право на посебен додаток кои ги користат лицата со попреченост до 26 години и лица над 26 години старост, односно за лицата за правото на попреченост. Дел од поднесените аманмадни повлече и коалицијата „Вреди“.

Со ребалансот на Буџетот се врши реалокација на средства меѓу буџетските корисници, се дообезбедуваат средства за исплата на плати, пред се во Министерството за внатрешни работи, каде е обезбеден раст на платите на вработените од 10 проценти, а обезбедени се дополнителни средства и за исплата на зголемени пензии и дополнителни околу 300 милиони денари за капитални расходи. Вкупните приходи со ребаланост се проектирани на ниво од 362,4 милијарди денари, а расходите на износ од 403,7 милијарди денари, по еден процент (околу 3,5 милијарди денари) повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за годинава. Проекцијата за БДП останува 3,7 проценти, а инфлацијата е проектирана на ниво од 2,8 проценти. Буџетскиот дефицит останува непроменет и во апсолутен износ и како процент од БДП, односно 41,3 милијарди денари или 4 проценти од БДП. Капиталните расходи, пак, на износ од 47,5 милијарди денари. Државниот долг на крајот на 2025 година според проекциите на Владата ќе изнесува 53,3 проценти од БДП, а јавниот долг се очекува да биде на нивото од 62,1 процент, пренесе МИА.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ