• Latest
A depressed teenager walking towards the light

18 април: Остри контрасти меѓу надежта и разочарувањата

April 18, 2019

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

18 април: Остри контрасти меѓу надежта и разочарувањата

April 18, 2019 19:28
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
A depressed teenager walking towards the light

A depressed teenager walking towards the light

Share on FacebookShare on Twitter

Нови бомби на руска социјална мрежа

На само два дена пред почетокот на изборниот молк, на руската социјална мрежа ВКонта́кте од анонимен профил, именуван како Илија Громовник се објавени прислушувани телефонски разговори на функционери од власта и личности кои се поврзуваат како блиски до неа, но и на личности од опозицијата како поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

На повидок е скандал поврзан со прислушуваните разговори кои се дел од долгите преговори меѓу власта и опозицијата. Имено, во овој период беше актуелен обидот на опозицијата, преку преговори со власта, да ги минимизира улогата и ингеренциите на СЈО, а прислушуваните разговори да ги маргинализира како докази во судските постапки против поранешни високи владини функционери, вклучувајќи го и поранешниот премиер Груевски. Впрочем, сега власта преговара со партијата што го организираше масовното прислушување и спроведуваше криминална власт, за судбината на СЈО кое токму нив ги гони.

Во време кога СЈО и правдата што се очекува од неговата работа се на удар, објавувањето на овие прислушувани разговори преку руска социјална мрежа, прво споделена од радикалите на Трета политика, претставува скандал и ироничен потсетник дека оние што предизвикале една политичка криза не можат да бидат дел од решението на таа криза.

Могерини: Голема стратешка грешка на ЕУ ќе биде доколку не донесе одлука за започнување на пристапни преговори со Македонија

Шефицата на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, очекува Северна Македонија и Албанија во јуни да ги почнат преговорите за членство во Унијата.

Во обраќањето пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, Могерини посочи дека би била голема стратешка грешка и пример за „кратковидност“ на ЕУ доколку не донесе одлука за покренување на пристапни преговори со Скопје и Тирана во јуни.

Политиката на проширување на ЕУ, според неа, е една од успешните приказни за време на нејзиниот петгодишен мандат и мандатот на актуелниот состав на Европскиот Парламент.

Македонија на 95 место на Индексот за слобода на медиумите

Според Индексот за слобода на медиумите во светот на Репортери без граници, Република Северна Македонија се наоѓа на 95 место и во 2019 година, сè уште на истата позиција како и во 2018 година.

Во 2017 државата се наоѓаше на 111 место, а споредбено со претходните години, ова е најдоброто рангирање според индексот од 2012 па наваму кога сме биле на 94 место.

ЦИВИЛ: Слободата на известување не смее да биде загрозена!

ЦИВИЛ – Центар за слобода ги изразува своето згрозување и најостра осуда на нападот врз медиумската екипа на Телевизија 21, од страна на блиски роднини на градоначалничката на Арачиново, Миликије Халими, за време на снимање на прилог во општината.

Фактот што ова примитивно и насилничко однесување доаѓа од структури блиски до политичките фигури е крајно неприфатливо. Затоа, ЦИВИЛ ја поздравува осудата од страна на градоначалничката Халими и ја повикува истата да ги преземе сите мерки во контекст на што поскоро решавање на овој неприфатлив чин на насилство.

ЦИВИЛ бара Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство веднаш да спроведат ефикасна истрага и сторителите да бидат најстрого санкционирани!

Претседателски избори 2019

Започна дистрибуцијата на изборниот материјал

Утрово започна процесот на преземање и дистрибуција на гласачкиот материјал што го изработи битолската печатница „Киро Дандаро“.

Државната изборна комисија го презеде доверливиот материјал, гласачките ливчиња и други материјали потребни за претстојните претседателски избори, како и за вонредните избори за градоначалник во општините Охрид, Дебар и Ново Село.

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски на прес – конференцијата во Битола, ги демантираше лажните вести за ликот на гласачкото ливче, публикувани од социјални медиуми.

Можни се уставни измени за избор на Претседател на државата

Министерката за правда, Рената Дескоска, не ја исклучува можноста за уставни измени во делот на цензусот за избор на Претседател на државата, во случај на престојните претседателски избори да не се постигне потребната излезност на гласачи.

„Менувањето на Уставот со цел да се олесни процесот на избор на претседател е нешто што веќе е препорачано и од ОБСЕ/ОДИХР. Има две опции, едната е претседателот да се избира на непосредни избори без потребно мнозинство на излезност во вториот круг. Тоа значи кој ќе добие повеќе гласови победува и тука немате можност да минирате избори преку бојкот. Другата опција е избор на претседател во Собрание. Тоа се две различни опции кои се можни и кои постојат во компаративното право“, изјави Дескоска.

Изборна хроника

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во чие име настапува Силјановска Давкова, за да не се заборави и да не помине еден митинг без задолжителната опседнатост со Зоран Заев и СДСМ, си ја раскажа својата најголема желба: „Ќе дојде денот кога повторно ќе излеземе и ќе разговараме за вистината, а таа е дека Зоран Заев и СДСМ после овие претседателски избори ќе бидат минато, кое нема да се случи никогаш повеќе“. – стои во денешната изборна хроника на ЦИВИЛ, Крајот се ближи… изборна кампања, ден 17.

М. И.

Share44Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ