• Latest

24 април: Непотизам, скандали, приговори и партиска религија

April 24, 2019

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

24 април: Непотизам, скандали, приговори и партиска религија

April 24, 2019 17:34
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

МВР: Најостро го отфрламе обидот на поединци и политички субјекти да го инволвираат МВР во случувањата во ИВЗ 

Во Министерството за внатрешни работи вчера стигнале две пријави од седиштето на Исламската верска заедница, едната пријава пристигнала од луѓето на Сулејман ефенди Реџепи, а другата од луѓето на  Скендер Бузаку, кој синоќа и соопшти на јавноста дека од денеска ќе биде новиот поглавар на Исламската верска заедница.

Од МВР информраат дека кога полициски службеници пристигнале во седиштето на ИВЗ на Бит пазар, не констатирале нарушување на јавниот ред и мир.

Бошњаковски: Владата не се меша во работата на верските заедници 

Северна Македонија е секуларна држава и Владата не се меша во работата на верските заедници, изјави денеска владиниот портпарол, Миле Бошњаковски, во врска со вчерашните превирања во Исламската верска заедница.

Реакцијата следува откако вчера, по одржаната вонредна седница на Ријасетот на ИВЗ, Реџепи во дел од својата изјава ги обвини директорот на Комисијата за односи со верските заедници и Владата дека се вмешани во последните случувања во Исламската верска заедница.

Продолжува рочиштето за „Маџар Телеком“ 

Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжи судењето за случајот „Маџар Телеком“ против поранешните генерален и финансиски директори на Македонски Телеком Атила Сендреи и Ролф Плат, како и други две лица за злоупотреба на службената положба и склучување фиктивни договори за консултантски услуги со кипарски фирми.

На денешното рочиште се очекува како сведок да биде сослушан и поранешниот премиер Владо Бучковски во чие време е потпишан Протоколот меѓу Владата и Македонски телеком.

Судењето за „Маџар телеком” започна во 2011 година, а потоа случајот го презеде СЈО.

Царовска: Работиме на ревидирање на Законот за безбедност и здравје при работа 

Министерството за труд и социјална политика, Националниот совет за безбедност и здравје при работа со поддршка на Канцеларијата на „Friedrich Ebert Stiftung“ – Скопје со доделувања на националната награда и призинанија за придонес на компаниите денеска го одбележаа Светскиот ден за безбедност и здравје при работа.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска рече дека она што е особено важно е дека Владата е цврсто решена и понатаму да се залага за унапредување на здравјето на работниците и безбедноста на работните места, и работи на превенција од несреќи и заболувањата поврзани со работата и работните места.

ДКСК го отфрли приговорот на ВМРО-ДПМНЕ за општина Ѓорче Петров 

Државмата комисија за спречување корупција денеска го отфрли приговорот на ВМРО-ДПМНЕ за општина Ѓорче Петров. ДКСК прифати дел од приговорите на опозицијата се прифатени и веќе се процесуираат согласно предвидените рокови, додека претставките од граѓаните ќе одат во редовна постапка.

За два случаи ДКСК сè уште чекаат информации од МВР поради тоа што се класифицирани информации. На дненешната седница се донесе одлука за затворање на повеќе случаи во кои не е утврден непотизам, а кои се однесуваат на запослување на деца на функционери, како што е случајот со Бесјана Џафери, ќерка на Таљат, Кристијан Мисовски, син на пратеникот Горан Мисовски, Иљо Стојчевски сопруг на Мира Стојчевска, Надица Делкова сопруга на Тони Делков.

Антикорупциска поведе прекршочни постапки за непотизам 

По анализата на 18-те случаи за непотизам при вработување од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница беше соопштено дека комисијата ќе се обрати до надлежните министерства со предлог да се направи анализа на законите што регулираат вработувања во јавниот сектор, со цел да се утврдат ризиците за влијанија и злоупотреба на дискреционите овластувања во процесот на вработување, за што ќе ги извести и Владата и Собранието.

– Како основна алатка за избор на кандидатите се користи интервјуто, не се утврдени критериуми за евалуација на личните и стручните квалификации на кандидатите, ниту има пракса за подготвување ранг листа. Имајќи предвид дека со законските акти не е утврдена обврска за усвојување процедури за спроведување на постапките за вработување, дискреционото право на одговорносто лице се користи во најголем број на случаите – појасни претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

Двојни аршини на изборната администрација 

По вчерашната објава на ЦИВИЛ Медиа за две избирачки места каде што членовите на Избирачките одбори заборавале да стават печати на дел од гласачките ливчиња, до тимот на ЦИВИЛ стигна информација за уште едно избирачко место, овој пат во Штип, каде што при броењето на гласовите е констатирано дека дури 90 гласачки ливчиња се без печат.

Членовите на Избирачкиот одбор констатирале дека заборавиле на печатот откако еден од гласачите забележал дека на неговото гласачко ливче недостасува печат, но веќе било предоцна за претходните 90 гласачи.

При броењето е констатирано дека вкупно 90 ливчиња се без печат.

А. Петровска 

 

Share45Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ