• Latest

Ременски: За Фри-Шопот и стечајците…

April 25, 2019

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ременски: За Фри-Шопот и стечајците…

April 25, 2019 14:00
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

На граничниот премин Деве Баир во Крива Паланка во меѓуграничната зона и денес под клуч се распаѓаат два објекти, едниот викан “стариот Фри-Шоп”, другиот “новиот Фри-Шоп” во основа Фри-Шоповите со кои управуваше фирмата која отиде под стечај ТИГАР од Крива Паланка, пишува на својот Фејсбук профил, потпреседателката на Собрание и член на СДСМ, Фросина Ташевска Ременски.

„Од оваа фирма и од Фри-Шопот во стечај отидоа илјадници работници, меѓу кои и мајка ми и татко ми. На времето додека работеа, а работеа турбо 24/7 работниците кои работеа таму во три смени (татко ми беше еден од нив) велеа дека, се правел дневен промет со шестоцифрена бројка, тогаш германски марки.

ТИГАР отиде под стечај, а со тоа испрати дома луѓе кои беа далеку од пензија. Уште се тужат работници, уште чекаат физичка делба на имотот на фирмата за акциите што ги поседуваа во фирмата, некои починаа, некои дочекаа пензија.

Додека траеше голготата на работниците празните објекти на Фри-Шопот на Деве Баир беше место каде што работници (меѓу кои и мајка ми) одеа трета смена за да зголемат ставка за пензија. Чуваа празен објект на фирма во стечај на меѓугранична зона! И мајка ми и татко ми како стечајни работници, заедно со своите колеги заминаа под Бирото за вработување со паричен додаток од 3.000 денари до пензија, а јас студент.

Среќа татко ми мајстор шнајдер со дарба за игла, годините нижеше егзистанција за сите. Да се живи и здрави, денес двајцата дочекаа старосна минимална пензија и чекаат некаква правда и вредност на некакви акции кои никој не знае во кој лавиринт залутаа.

И денес, како работничко дете кое знае “како се калеше челикот” и како се цени работнички труд од шнајдерска игла, и како се трча маратон до успехот со мамини-татини синови, никогаш нема да потценам ниту еден човек, по ниту една основа, особено не работникот и неговата пот и борба за своите деца!

Горда сум и тажна истовремено, кога после толку години како пратеник учествував во решавањето на статусот на стечајните работници со три закони.

И јас како политичар сакам пензионерите да имаат поголема пензија. Сакам мајка ми и татко ми да не бидат во 22% пензионери со минимална пензија од 7600 денари. Но, мајка ми вика: „Сине средете ја државата, за да можете и вие да дочекате пензии, ние живеевме и со помалку и знаеме како е“!

И така, денес кога слушам како професорка, моја колешка (почит за годините) држи говор за “транзиција”, “транзициони политичари”, “правда”, “право” и “фри-шоповите кои не ги негира”, ми иде да ја поканам на гости кај моите родители во Крива Паланка и да ја чуе изворно вистината за таа фри-шоповска транзиција од паталци; да погледне документи и да каже што е право и што е правда; да им каже во лице дека нивната ќерка е “транзиционен политичар” или “дете на транзицијата”. Може да ги види и шнајдерските машини кои уште ја облекуваат “транзиционста политичарка” која бара правда за праведните, а не за криминалците пред кои таа застана. Може да ја види и мојата студентска библиотека и првиот компјутер купен од првата плата. Може да ги види и прозорците на куќата кои трипати ги кршеа сега нејзини поддржувачи … Може са види се, зошто ние сме добри луѓе, никому должни и секогаш тука за добронамерници. Но, не верувам дека го разбира зборот “транзиција” и “транзиционери”, затоа што додека некои ја живееја транзицијата, други ја создаваа!

И не мразам никого, не дозволив да ме исфрустрираат транзиционите политичари… Ме направија посилна и поправедна, реална и емпатична, неприкосновен борец против неправдата и криминалците кои транзитираат и продаваат чест !

Share460Tweet26Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ