• Latest

26 април: Празнични предвидувања, тивка кампања и решени приговори

April 26, 2019

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

26 април: Празнични предвидувања, тивка кампања и решени приговори

April 26, 2019 16:57
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Можна дестабилизација

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во интервју за германската агенција ДПА, изјави дека може да дојде да се дестабилизира целиот Балканиски регон, доколку се одложат пристапните преговори на ЕУ за земјите од Западен Балкан, што покажале како што е Северна Македонија.

Неговите очекувања се дека до крајот на следниот месец Европската комисија ќе даде позитивна препорака за Северна Македонија и Албанија за отворање преговори за членство во ЕУ врз основа на критериумите кои едногласно ги усвоиле земјите членки.

Велигден во Грција

Околу 7.000 граѓани на Република Северна Македонија денеска го преминале граничниот премин „Богородица“, за да ги поминат неработните празнични денови во туристичките места во Грција. На граница се чекало од 20 до 25 минути, заради зголемената раздвиженост на автомобили.

Граничниот премин Дојран во последните 24 го поминале околу 1.800 патници.

Медимско политичко рекламирање

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го објави Вториот извештај за начинот на известување на радиодифузерите во периодот од 10 до 19 април 2019 година. Mониторингот  опфатенил вкупно 32 програмски сервиси, односно 15 програмски сервиси на национално ниво (13 ТВ и две радија), 17 регионални и локални телевизии.

Карактеристика на медиумското покривање во овој период е поголемото настојување кај радиодифузерите за доследно почитување на принципот на еднаквост, согласно кој се обезбедува баланс во известувањето за активностите и на претседателските и на градоначалничките кандидати. Исклучок е ТВ Сител кај која има поголеми разлики во отстапеното време во вестите, од една страна за претседателските кандидати Пендаровски и Силјановска Давкова, а од друга страна за кандидатот Река.

Приговори

Државната изборна комисија носеше одлуки по поднесени приговори на 25 април кога 7 од вкупно 14 приговори на Гордана Силјановска Давкова беа прифатени. Меѓу прифатените приговори е и Избирачкото место број 0816 во родното место на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, Зајас, кичевско. Според изборниот штаб на Силјановска-Давкова, односно ВМРО-ДПМНЕ, во период од 15 до 17 часот гласале 297 гласачи или, како што наведуваат во проговорот, во просек, секој од гласачите имал 24 секунди за гласање.

ДИК тврди дека, според процедурата на гласање, невозможно е физички да се оствари процесот на гласање за толку кратко време. По пребројувањето на гласовите, ДИК утврди и дека се употребени 416 гласачки ливчиња, а во изводот од Избирачкиот список се потпишани 412 гласачи. Затоа, ДИК донесе одлука да се поништи гласањето во ова гласачко место, а целиот Избирачки одбор го разреши од должноста.

Од бележникот на набљудувачите на ЦИВИЛ

Белешка број 1

Во Тафталиџе, сите избирачки места, очигледно, на првиот круг од гласањето за претседателските избори, биле за ВМРО-ДПМНЕ. Или да биде појасно, во сите нив се гласало за оваа партија.

Од белешките на набљудувачите на ЦИВИЛ, издвојуваме една изјава на граѓанка што дошла да гласа. Жената во одминати години влегла и ги прашала членовите на избирачкиот одбор: „Во кои гласачки места се гласа за ВМРО-ДПМНЕ?“

„Сите гласачки места се за ВМРО-ДПМНЕ“, одговорил „мудро и прописно“ еден од членовите на Избирачкиот одбор.

Белешка број 2

Фејсбук страницата „Подршка за македонската полиција“ го крши изборниот молк. Некаде околу пладне, на 20 април, во време на изборниот молк, оваа Фејсбук страница објави фотографија со ликовите на лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев и консензуалниот кандидат за претседател, Стево Пендаровски, врз кои е напишанио „Заслужуваш ли повторно да бидеш излажан? Кажи им не на СДСМ“!

Изборна хроника

Неделава, односно деновите по првиот изборен круг на гласање за претседател на државата, некој се фати за метла, некој за кодот од Законикот на Лек Дукаѓини – Беса (заборавена и од Албанците), и вапцаше јајца, и, сите за гласовите од Река и Шарената Револуција.

Метлата му припадна на лидерот на СДСМ и премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев. Кандидатката Гордана Силјановска Давкова си ги присвојува гласовите што отидоа на контото на Река, а вчера на својот профил пријави дека вапцала јајца, и нѐ почести со фотографија од истите. Од  Шарената револуција, односно од нејзините борци, поддршка бараат и двата кандидати.

За претстојните празници, кандидатите најавија дека нема да имаат активности од типот на поголеми собири, туку дека ќе имаат тивки средби со граѓаните, во духот на празниците.

Биљана Јордановска

Share38Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ