Комисијата за заштита од дискриминација смета дека не е дискриминирачка забраната за запишување и прием на невакцинирани деца со МРП во градинките и училиштата. Поттикната од претставките на граѓаните и јавно искажаните ставови во медиумите, Комисијата донесе општо мислење според кое барањето потврда дека едно дете е вакцинирано со МРП при запишување во градинка или во школо не претставува дискриминација врз ниту една основа, вклучувајќи уверување, здравствена состојба, социјална заштита и пристап до добра и услуги.
„Комисијата го почитува правото на родителите и на старателите во немешањето во нивниот приватен и семеен живот, кое, меѓудругото подразбира одлучување и превземање активности кои се во интерес на нивните деца. Но, ова право е ограничено и со членот 8 став 2 од Европската конвенција за заштита на човековите права и слободи меѓудругото и со заштите на здравјето. Комисијата смета дека не постои дискриминација бидејќи мерката има легитимна и оправдана цел, соодејствува со реалните потреби бидејќи е прогласена епидемија и е загрозено здравјето и животот на детето“, соопштуваат од Комисијата за заштита на дискриминацијата.












