На вечерашното телевизиско соочување на Канал 5 телевизија, претседателот на СДСМ, Зоран Заев го повика Христијан Мицкоски да се огради од Никола Груевски но Мицкоски одбегна да го направи тоа.
„ Како што го гледам ова сега, ВМРО-ДПМНЕ не може да направи разлика меѓу извршна, законодавна и судска власт. Не можете да се одлепите од матрицата на Никола Груевски, цело време зборувате исто како него. Тоа е тоа што го гледа и јавноста, извршител сте на Груевски или еден инструмент со кој диригира Греувски, истакна Заев во вечерашното ТВ соочување во емисијата „Само вистина“ обраќајќи се кон Христијан Мицкоски.
@Еднаш, треба да се оградите од Груевски, еве ви прилика, јавно пред камерите, директно оградете се од Груевски, кажете јас се оградувам од Груевски и да расчистиме со таа работа#, порача Заев.