Лидерот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, повторно предложи пратениците и функционерите вршители на јавни должности да поминат низ процес на ветинг, за да се провери како го стекнале имотот. Според Ахмети преку овој систем на проверка ќе се спречат напади врз пратениците и функционерите и ширење на лажни вести.
„Со ветинг процедура ќе бидеме поуспешни во владеење на земјата и ќе се намалат измислувањата и нападите во јавноста против различни функционери. Не сум во тек со случајот за Богоевски и затоа бараме ветинг “, одговори Ахмети на прашања од новинарите, и дека се уште не разговарал за „метлата“ со премиерот Зоран Заев бидејќи чека тој да заврши со своите обврски.