Лидерот на ДУИ, Али Ахмети порачува, претседателот на државата Ѓорѓе Иванов да не ги спасува од затвор обвинетите за „27 април“ кои бараат аболиција.
„Тоа би било непромислен и неразмислен чекор, од страна на претседателот во заминување. Не знам колкав легитимитет би имал за да преземе таков чекор кој би предизвикал многу реакции“, рече Ахмети, пренесе 24Вести.
Инаку, по веста дека обвинетите за настаните во Собрание побарале амнестија, Иванов сè уште молчи.
Иванов во 2016 донесе општа аболиција за 56 лица поврзани со постапки на СЈО, а потоа поради политичката криза ја поништи.