„Ако Никола Груевски влегол нелегално во земјава, според унгарското законодавство би требало да биде во српски бегалски камп, а не во Будимпешта“, дециден е правниот експерт контактиран од новинарите на унгарската „телевизија 24“, пренесува Алсат М.
Новинарите на унгарската „телевизија 24“ побараа правници откако нивниот премиер Виктор Орбан не одговори – зошто Груевски не е во транзитната зона за време на неговото барање за азил, туку тој ги упатил да бараат одговори од правни лица.