„Кога ја создававме стратегијата за едно општество ја увидовме потребата да се дестимулира говорот на омраза и насилниот екстремизам“, вели Роберт Алаѓозовски, Национален координатор за интеркултурализам.
„Во судската практика има многу малку практики, односно случаи кои се осудени за дела сторени од омраза.
Пример дека државата има сила и можности да се справи со национализмот и омразата е пресудата за насилството од 27 април во Собранието.
Во моментов има зачестени сакнции за говор на омраза или за дела сторени од имраза на социјалните мрежи.
Во соработка со АМС се планира да се формира сектор за да се обучат полицајци кои ќе ги препознаат и работат со екстремните групи и да ги дестимулираат“, истакна Алаѓозовски.












