Првиот чекор е нивна легализација, обелоденување на сопственоста и изворите на финансирање. Се предвидува „онлајн“ медиумите да бидат контролирани од „АМА“, (Орган за аудиовизуелни медиуми).
Советот за жалби пак, од оваа институција, ќе се грижи и ќе ги разгледува евентуалните поплаки поднесени за материјали објавени во медиуми на кои не им е познат сопственикот или авторот на статијата.
Измените на законите предвидуваат парични казни и ригорозни санкции кои може да доведат и до затворање на порталите. Засегнатите физички и правни субјекти, согласно новиот закон ќе може да поднесат жалба до советот за жалби во „АМА“, и ако “онлајн” медиумот не дава појаснување, тогаш ќе се преземаат мерки со парична глоба кои започнуваат од 100.000 до еден милион леки. (100 леки = 0,8 еур)
Дополнително, парична глоба од 800 илјади леки е предвидена ако жалбата на граѓанинот не е земена во предвид од страна на Операторот на објавувањето на електронската услуга.
Законот предвидува онлајн медиумот да биде затворен и на одредено време:
– Суспензија/блокирање на интернет пристап во период од 24 часа, ако во рок од една календарска година извршил 3 административни прекршоци предвидени со овој закон.
– Суспензија/блокирање на интернет пристап за период од 7 дена, ако во рок од една календарска година извршил не помалку од четири административни прекршоци.
– Суспензија / блокирање на интернет пристап за период од една година, ако во рок од една календарска година извршил не помалку од 5 административни прекршоци предвидени со овој закон.
– Конечно блокирање/затворање на пристапот до услугата за електронско објавување на територијата на Република Албанија ако не ги разгледуваат жалбите поднесени од страна на Советот за жалби повеќе од четири пати во текот на една календарска година.
Глоби:
– Со глоба од 100.000 леки до 1.000.000 леки во случај кога не ги почитува обврските од членот 33/1 на овој закон
– Со глоба од 800.000 леки кога не ја почитува одлуката на Советот за Жалби или правото на одговор, согласно член 53/1 од овој закон
Пакетот против клевета е интервенција во неколку закони и наскоро ќе се најде на гласање во Собранието. Медиумските експерти веќе ја поздравија иницијативата за регистрација на „онлајн“ медиумите.