Categories

МЕРКИ Албанија со одлука за зајакнување авторитетот на албанскиот пасош

Албанскиот министер за надворешни работи, Гент Цакај со потекло од Република Косово, доставил барање до некои почесни конзули во Албанија да ги положат своите дипломатски регистерски таблички односно да ги вратат во албанското МВР поради наводни злоупотреби според министерот Цакај.

Министерот објави дека табличките не ги вратие сеуште двајца почесни конзули познати бизнисмени од Косово, Рахим Пацоли и Блерим Деволи, за кои што тврди министерот ги злоупотребиле.

“Три мерки што ќе се преземат многу скоро ќе бидат: Стартување на мобилна апликација” Мојата амбасада “која содржи информации за секоја амбасада, секое објаснување и информации за граѓаните, потоа дигитализација на конзуларните услуги, апостил печат, процес на Е-виза за разгледување на електронски визи, работни групи се активни во оваа насока и зголемување на бројот на конзулати ширум светот во соработка со Косово “, рече Цакај.

Тој покажал какви мерки се преземени досега.

“Отказ на именувани лица во странство во нашата дипломатска служба. Ние сме во процес не само да ги регулираме овие проблеми туку и законот, да го зајакнеме албанскиот пасош во согласност со највисоките европски стандарди и добивањето на привилегиите од дипломатските таблички на почесните конзули “, додаде министерот Цакај на емисијата “Опинион ” со познатиот новинар Бленд Февзиу.

Ариан Мехмети

Print Friendly, PDF & Email