Categories

НЕЗАДОВОЛСТВО Албанската опозиција најави нов протест на 25 мај

Обединетата албанска опозиција ги продолжува протестите против премиерот на Албанија, Еди Рама. На вчерашната средба на Претседателството на Демократската партија, на која присуствуваа и лидерите на политичките партии што ја сочинуваат обединетата опозиција, решено е наредниот „национален протест“ да се одржи на 25 мај во 19 часот.

Најавувајќи го протестот, лидерот на демократите, Љуљзим Баша изјави дека го продолжуваат „соочувањето, без враќање, со слугите на владејачката криминална хунта“. Од февруари, кога почнаа, по до сега, опозицијата одржа 11 протести.

Print Friendly, PDF & Email