Ниту сега, ниту никогаш, Али Ахмети нема, ниту ќе има право да им кажува на Албанците во Македонија дека „им дал“ некакви права, од тие што веќе долго време се очекува да се остварат.
За сето време на „заедничката власт“ со ВМРО, имајќи го, уште од 2011 година и двотретинското мнозинство во Собранието, ДУИ не успеа да го спроведе законот за употреба на јазиците, ниту интегрирањето во НАТО и ЕУ, ниту изборот на „консензуалниот“ претседател, ниту изборот на Албанец за претседател на Собрание, ниту законот за статусот на УЧК, ниту децентрализацијата на власта, ниту употребата на националните симболи.
Напротив, ДУИ, не само што не го спречи, туку и го поддржа Груевски којшто со антиквизацијата и спроведувањето на проектот „Скопје 2014„ кој чини околу една милијарда евра од најсиромашниот народ во Европа, Грција со право може да не го дозволи членството на Македонија во НАТО и ЕУ.
Слушнавме во „бомбите на Заев“ како Груевски едвај ги убедува пратениците на ВМРО да влезат во Собрание да гласаат за амнестирањето на лицата опфатени во овие обвиненија. „Кажете им да дојдат да гласаат, за да бидее раат цел мандат“, и нареди тој на Силвана Бонева. И навистина беа раат не само еден, туку два мандати.
Албанците во Македонија очекуваа дека неколку од овие барања ќе се остварат веднаш по доаѓањето на власт на Зоран Заев, како и отцепувањето на ДУИ од ВМРО, секако, со помош на меѓународната заедница. Ова се оствари благодарејќи им на Албанците коишто, гласајќи против ДУИ, а „за“ СДСМ, го овозможија тоа.