поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
АЛИ АМЕТИ ИМА ИСТИ СТАВОВИ КАКО МИЦКОСКИ, НЕ МОРА ДА УЧЕСТВУВА НА ЛИДЕРСКА
Али Амети нема потреба да учествува на лидерска средба затоа што неговите барања потполно се совпаѓаат со тие на Мицковски. Или, можеби, после една бомба на Заев, што сега скоро ја објави Ел Чека, се срами да излезе пред јавноста.
ЏЕВДЕТ АДЕМИ Е НЕВИН, НЕ СЕ ВАЖНИ СВЕДОЦИТЕ, ТУКУ СУДОТ НА АЛИ АМЕТИ
Али Амети го прогласува Џеват Адеми за невин пред надлежните органи да го кажат последниот збор и истовремено сведоците кои биле присутни на настанот ги кара дека се бават со рекла-казала.
Со партиската комисија за заштита на слободата на медиумите, после она што го слушавме денес, би било добро да раководи лично Али Амети.
ПРЕПОРАКИТЕ НА ВЕНЕЦИЈАНСКАТА КОМИСИЈА НЕ СЕ ПОЧИТУВААТ
Не е точна констатацијата содржана во соопштението на Владата дека „праксата покажува дека нашата држава ги применува препораките на Венецијанската комисија“.
Своевремено Комисијата препорача сите тајно снимени разговори треба да се објават, дури и приватните, доколку го допираат јавниот интерес.
Нашата држава, не само што не ја примени оваа препорака, туку отиде дури до таму со закон да го забрани објавувањето, со единствена цел за криминал и корупциј да не одговараат голем број функционери на ДУИ и ВМРО.
МУСА ЏАФЕРИ ЌЕ ГО РАСВЕТЛИ СКАНДАЛОТ СО ТЕЛЕКОМ
Со ангажирањето на Муса Џафери од страна на ДУИ да ја предводи битката против корупцијата, се создаваат реални услови, после толку години, да се расветли и скандалот со познатата афера TЕЛЕКОМ.
ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ ЛИЧНО ДА ЗАСТАНЕ ВО ЗАШТИТА НА УСТАВНОТО ПРАВО НА УЧЕНИЦИТЕ АЛБАНЦИ
Премиерот Заев потребно е лично да застане во заштита на уставното право, учениците Албанци во општина Гази Баба да учат на мајчин јазик. Крајно време е да не дозволи министрите на ДУИ да се одмаздат и да се изживуваат, исто како со градоначалникот на Гостивар, со оние Албанци кои на последните избори гласаа за неговата партија.
Премиерот Заев, исто така, им должи одговор и на граѓаните на Мала Речица, зошто не им го изгради училиштето што го вети, доколку Теута победи на избори. Вети дури дека парите ќе бидат обезбедени со буџетот од 2018. Теута со негова и со помошта на брат Љубе изборите ги доби, а Мала Речица остана без училиште. Во блиска иднина веројатно од училиште нема ниту да има потреба, затоа што децата ќе учат во училиштата на Ангела Меркел.
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.