Она со што се соочил нашиот репрезентативец Алиоски во ресторан во Прилеп, кој само затоа што со своето семејство на маса си зборувале албански, биле „замолени“ да си одат, е последица на неказнување н омразата, мижење пред неа и минимизирање на говорот на омраза и негово претставување како слобода на говорот.
Неказнетата омраза, продуцира ваков класичен расизам и ксенофобија, супрематизам, па слободно ќе кажам и фашизам. Нечовечност која решила да прејде во дискриминаторско дејство, кое само по себе е флагрантно кршење на човековите права, а богами и на нашите правни, па и општествени норми.
Но, не заборавајте. Со вакви работи секојдневно се соочуваат не само Албанците туку и многу други наши сограѓани, поради националност, вероисповед, изглед, сексуална припадност, боја, јазик, секогаш ќе се најде некој идиот што ќе им каже дека се непожелни. Во ресторан, кафуле, диско, базен….Очигледно, идиотите не се малку.
Затоа, говорот на омраза треба гласно да се осуди во секоја прилика и секаде. А и да се казнува. Со едукација, секако треба да се стартува веднаш, од градинки и на сите нивоа, но, со едукативни зафати нема да смените луѓе кои свесно решиле да бидат идиоти.
Следните фази на омразата се далеку пострашни и поболни. Гледаме низ светот. Искрено се надевам дека ќе станеме малку посвесни за ова, пред да биде доцна.
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.