„Ако зборуваме за изминатата година, успехот на меѓународен план се наметнува сам по себе“, вели Фатон Алити во разговор со ЦИВИЛ Медиа за Перспективи 2019.
Според Алити од поважните работи кои се вредни да се споменат се отвореноста на Владата, обидите за релаксирање на меѓуетничките односи, изгласувањето на Законот за употреба на јазиците, но и Законот за амнестија.
„Законот за амнестија може да се коментира, и некои навистина го коментираат како некаков повисок државен интерес и токму поради тоа се прави ова жртвување. Јас би рекол дека, донекаде тоа е со право, но за јавноста да биде спремна да ја прифати како мнозинство таа амнестија, неопходно е да има конфискација на бесправно стекнатите материјални добра“, вели Алити.
Тој во оваа година не очекува драматични промени на темите.
„Со оглед на тоа што очекуваме во јуни да добиеме датум за преговори, повторно половина година ќе ни оди на истите теми. Таа општа желба за концентрирање на политиката во подобрување на економските состојби за некакви конкретни економски мерки, се чини повеќе ќе остане желба, од проста причина што нема време, но и од некои не баш погодени кадровски решенија“, вели Алити.
Маја Ивановска
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Биљана Јордановска
Фотографија: Ариан Мехмети