По вчерашното соопштение од Алијанса за Албанците, во кое побараа од Алтернтива да се изјасни дали договорот потпишан меѓу двете партии е сеуште валиден, со своја реакција се јавија од Алтернатива.
Во соопштението се наведува дека во врска со дискусиите кои се појавија во јавноста, поврзани со позицијата на Алтернатива, од партијата порачуваат дека Алтернатива е актер на политичката сцена и дека така продолжува да дејствува.
„Бидејќи веќе поминавме два изборни циклуси во коалиција со Алијансата за Албанците, нашиот договор за соработка всушност е потрошен. Сепак, останува отворена можноста оваа соработка да продолжи и на следните избори кога и да се одржат“, стои во соопштението.
Алтернатива не ја доживува Алијанса за Албанците како спротивставена страна, но ова не е добар начин на комуникација, да пресметуваме кој со кого и колку пати се сретнал, бидејќи така ќе станеме непотребни должници“, се вели во соопштението .
Од Алтернатива порачуваат дека сакаат да остават простор за понатамошна комуникација и соработка, а членовите на Алијанса за Албанците ги сметаат за пријатели и соработници.