Честитки за Илинден, Денот на Републиката упати и Амбасадата на Соединетите држави во Северна Македонија.
Со порака на македонски, албански и англиски јазик, Амбасадата на САД во земјава им го честиташе празникот на граѓанките и граѓаните на Северна Македонија.
„Од сите нас во Американската aмбасада; Честита 118-та годишнина од Илинден!“, се вели во пораката на официјалната Фејсбук страница на Амбасадата.












