Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчиќ, во пишана изјава објасни дека одлуката на Собранието да го усвои Законот за амнестија со големо мнозинство е важен чекор кон помирување на општеството и за надминување на болната поларизација.
Амнестија
Владата не се меша во судството, туку поддржува акти со кои ќе се дефинира помирувањето. Нема да има амнестија за организаторите и за сите кои учествувале или извршиле насилство на 27 април, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски на прес-конференција во Владата.
Средба
Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, на средба во Брисел со постојаните претставници на земјите членки на Европската унија (КОРЕПЕР), порача дека Македонија е добра вест во време кога на Европа и требаат добри вести, да ја препознаеме шансата и да го направиме напредокот.
Суд
Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжи судењето за случајот за изборни нерегуларности „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство. Судијата Шабани на почетокот на денешното рочиште констатира дека од адвокатите на обвинетиот Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија, бил известен дека го откажуваат полномошното за негово застапување во постапката.
ДКСК
Комисијата за избор и именување на денешната седница во Собранието ја тргна од дневен ред точката за предлог за именување на нови членови на Државната комисја за спречување на корупција по барање на пратеничката Ивана Туфегиќ. На конкурсот за избор на ДКСК, што се распиша во октомври се пријавиле 39 кандидати.
МВР
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека товарен воз што сообраќал од Табановце кон Скопје изутинава удрил во возило „фолксваген венто“ сопственост на МВР. Воизлото го управувал А.Б. полициски службеник во Полициската станица Гази Баба кој починал на лице место.
Публикација
ЦИВИЛ денеска ја промовираше публикацијата „Губење на идентитетот или…?“.
Д. Муратов