Во покана до медиумите за прес-конференција закажана за денес во 12.00 часот, поранешниот заменик-министер за внатрешни работи Оливер Андонов денеска најави иницијатива за промена во раководството на ВМРО-ДПМНЕ и смена на актуелниот претседател на партијата, Христијан Мицкоски.
„Ви упатувам покана за присуство на прес конференција во организација на фракцијата за демократско ревитализирање на ВМРО-ДПМНЕ, на тема: “Иницијатива за промена на Мицкоски од лидерската позиција”. Прес конференцијата ќе се одржи на ден 21.09.2022 (среда) во 12:00 часот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје“, пишува во поканата што ја испрати Андонова.
Иницијативата за промени во раководството на ВМРО-ДПМНЕ е на фракцијата за демократско ревитализирање на ВМРО – ДПМНЕ.
Ова не е прв пат да се поведе иницијатива за промени во раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Смена на Мицкоски од лидерската позиција пред околу две години побараа повеќе истакнати поранешни функционери на партијата, меѓу кои и Никола Тодоров, Митко Јанчев, Никола Попоски, Сашо Мијалков, Ивица Конески, Ѓулистана Марковска, Даниела Рангелова, но иницијативата замре по неколку месеци.
М.Д.