• Latest

Ангелов: Доаѓаат четири хеликоптери од Србија, потврдена помош и од Словенија и Грција

August 3, 2021

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ангелов: Доаѓаат четири хеликоптери од Србија, потврдена помош и од Словенија и Грција

August 3, 2021 14:04
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

В.д. директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов денеска информираше дека во секој момент се очекува од Србија да пристигнат четири хеликоптери на скопскиот аеродром, кои ќе бидат употребени за гаснење на пожарите во попладневните часови. Исто така, потврден одговор за помош при гаснење на пожарите има и од Словенија и Грција.

Од Србија се очекува во секој момент да стигнат четири хеликоптери на скопскиот аеродром, кои бидат употребени за гаснење во попладневните часови. „Ние не можеме отсега да планираме каде ќе ги употребиме. Треба да видиме што ќе се случи во наредните два, три часа, бидејќи пожарите се непредвидливи“, објасни Ангелов на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека неколку силни пожари се веќе ставени под контрола, а неколку се локализирани. Но, бројот на пилотите е ограничен.

„Во текот на вчерашниот ден на рапсолагање беше само еден хеликоптер. Во текот на ноќта вториот беше сервисиран на лице место. Вработените се изложуваат на надчовечки напори да го оспособат и вториот хеликоптер за да може безбедно да лета“, информираше Ангелов.

Денеска во раните утрински часови, полетале два хеликоптера кои што го гаснеле пожарот во Кочани. Ангелов појасни дека кога температурата се качува, и кога доаѓа до замор, мора да се прави пауза, а со падот на температурите, повторно ќе се интервенира.

„Иако некои пожари навидум изгледаа наивни, тие брзо се раширија. Доволно е едно мало пламенче за пожарот да се рашири. Од друга страна, пожар не се гасне само со хеликоптери. Исто како во војна, додека пешадија не нагазне, додека човечка нога не стапне, ние не можеме да го третираме пожарот изгаснат. Ветрот го шири пламен со ненормална брзина“, истакна Ангелов, додавајќи дека денеска се мобилизирани сите противпожарни сили во критичните зони. Ангажирани се многу припадници на локалната самоуправа, но и граѓани доброволци.

Ангелов ја посочи и големата бројка на пожари, којаа ги отежнуваше интервенциите. „Вчера во текот на денот во Штип имаше три локални пожари во градот. Во Скопје имаше околу 15 урбани пожари, така што ние не можеме сите екипи од Скопје да ги упатиме да гаснат шумски пожари“, објасни в.д дикреторот на ЦУК.

Воедно, како што рече, припадниците на ДЗС се комплет на терен, и има вкупно 200 припадника на Армијата кои се на терен.

„Во овој момент, бидејќи се работи за тешко пристапни терени, ние да однесеме и илјада луѓе тие нема таму како да се качат. Од друга страна, гаснење на вакви моќни пожари ги изложува луѓето на ризик. Дали треба да дозволиме некој пожарникар или некој војник да ни загине? Но, секако преземени се сите можни мерки“, изјави Ангелов./ МИА

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ