Од страна на ВМРО-ДПМНЕ се работи за обид за заштита на некои нивни истакнати членови, почнувајќи од почесниот претседател Никола Груевски, рече Стојанче Ангелов, во „Само Вистина” на Канал 5 телевизија.
„Пред сè се работи за сокривање на огромен криминал кој што беше направен во тој 10-годишен режим на Никола Груевски. Верувам дека Мицкоски му должи, затоа што е поставен претседател на партијата и тука ја гледам целата борба, да се избегне кривична одговорност. За жал, тоа успешно го направија. Видете колку предмети застареа. Се појави сомнеж дали власта е искрена во намерата да расчисти со одреден криминал направен во времето на Груевски. Јас знам дека е искрена, но едноставно начинот на којшто сега се одвиваат судењата и Законот за кривична постапка оневозможуваат одредени судења да бидат благовремено завршени“, рече Ангелов.