Во Скопје викендов ќе се одржи состанок на Холандско – Белгиската конституенца на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд на темат – како до поправедно општество до поправеден систем.
Гувернерката на Народна банка, Анита Ангеловска – Бежовска изјави дека во Северна Македонија трендовите покажуваат намалување на степенот на нееднаквоста.
„Нееднаквоста не е прашање во надлежност на Централната банка, но ние секако ги следиме и анализираме бројките и охрабруваат бројките што упатуваат на постепена стагнација, односно намалување на нееднаквоста во нашиот случај. Инаку во глобални рамки тоа е многу актуелно прашање кое се дискутира особено во последната деценија во светски рамки каде се забележува натамошен тренд на раст на нееднаквоста во општествата. Особено тоа е случај во американската економија и оттаму голем фокус на ова прашање не само за дијгностицирање, туку и на мерките и политиките кон кои треба да се насочат носителите на политиките со цел справување со овој глобален предизвик“ изјави Ангеловска-Бежоска.
Министерот за финансии Драган Тевдовски вели дека темата на Конституенцата се совпаѓа со главниот фокус на Владата, а тоа се мерките што ги преземаат а коишто се во насока на намалување на нееднаквоста, како што е праведното оданочување со цел обезбедување дополнителни средства за социјална реформа.
„Ние како земја сме први во регионот што воведоа минимален адекватен приход, со тоа многукратно ги зголемивме социјалните трансфери кон најранливите категории граѓани. Анализата на НВО покажа дека овие две мерки-праведното оданочување и реформата на социјалната заштота практично ќе ја намали дури и ќе ја отстрани апсолутната сиромаштија во земјата“, рече Тевдовски, додавајќи дека една од првите владини мерки беше зголемување на минималната плата на почетокот на мандатот, дека веќе се очигледни резултатите и во делот на платите кои, како што вели тој, растат со многу посилна динамика.
Тевдовски рече дека праведното оданочување наспроти многу кои даваа апокалиптични сценарија дека луѓе ќе се иселуваат и ќе се отвараат фирми во странство – не се случи. Напротив, бројките од Државниот завод за статистика, но и други релевантни инстиуции покажуваат дека платите растат со посилно темпо од претходно. Во ИТ секторот платите се зголемуваат за 5,5 проценти, вработеноста се зголемува и на општо ниво и кај младите, и се укажува дека одиме во правилна насока кон поправедно општество, додаде Тевдовски.
Тој најави дека на крајот од неделава ќе биде промовирана и мерката за враќање на ДДВ за физичките лица која треба да стартува од 1 јули, а којашто е дел од владината програма.
Домаќини на состанокот со значително к меѓународно значење се Народната банка и Министреството за финансии. Како што истакнаа на средбата со новинарите гувернерката на Народната банка, Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии Тевдовски , токму оваа тема – нееднаквоста, кои се причините за неа, што доведува до неа, какви се трендовите во последниот период, особено во посткризниот период и дали таа се зголемува ќе биде во фокусот на дискусиите на сите говорници, и дека нема да се застане само на овие прашања, туку ќе се дискутира и можни решенија, политики во различни аспекти кои на крајот треба да доведат до позитивни ефекти односно порамномерна дистрибуција на доходот во секое општество.
На состанокот на Конституенцијата ќе учествуваат високи претставници од ММФ и СБ, како и голем број министри за финансии и гувернери од членките на Конституенцата. Од ММФ доаѓаат дирекорот за европскиот дел Пол Вилсон и поранешен шеф на првата мисија на ММФ во државата од независноста, и директорот за фискални политики Виктор Гашпар. Од Светска Банка ќе присуствуваат тројца директори на СБ, што е, според Тевдовски, невообичаено за овој формат на состаноци. Меѓу говорниците го издвоија проф. од Универзитетот во Чикаго – Луиџи Зингалес, во чиј фокус на научен интерес е токму нееднаквоста во САД.