„Многу е добар Предлог-буџетот на Владата, ќе ги затвори сите дупки, ќе се покачат пензиите, платите, добро е измислено, само да не се кратат“, вели еден граѓанин на прашањето на ЦИВИЛ Медиа – Што мисли за предлог-буџетот на Владата за 2020 година.
„Преголем буџет е за нашата индустрија и за стопанството. Не знам од каде мислат да ги обезбедат тие средства, најверојатно пак ќе се задолжуваме со кредити. Можеби на краток рок граѓаните ќе се чуствуваат подобро, но потоа ќе мора парите некако да се враќаат и ќе имаме повторно жртвување на генерации за да се врати тој долг. Со тоа ние не одиме напред, туку назад се враќаме“, додава друг граѓанин.
Еден граѓанин смета дека со овој Предлог-буџет за 2020 година, државата ќе се задолжува сè повеќе и повеќе, а нема економски капацитет да го враќа долгот. Но, тој е оптимист и смета дека ќе биде подобро.
Дехран Муратов
Камера и монтажа: Ариан Мехмети