Државна комисија за спречување на корупција ќе го испитува вработувањето на синот и братот на пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска. Синот на Стојчевска е вработен во државната компанија ЕЛЕМ, а братот како кранист во РЕК Битола.
Од Комисијата истакаа дека до нив досега не стигна преставка, но дека може и самите да постапат и да го расветлат случајот.
Новите антикорупционери најавија дека ќе го следат и финансирањето на изборните кампањи на политичките партии за време на претседателските избори, за што побараа помош и од медиумите и невладините организации.