Апелацискиот суд ја прифатил жалбата на адвокатот на Андов, Звонко Давидовиќ, кој вели одлуката на првостепениот суд да ја забрани книгата е прејудицирање на пресудата. Времената мерка на Основниот суд Скопје 2 за забрана на продажба на книгата „До атентатот и по него“ од поранешниот собраниски спикер Стојан Андов, е укината.
Времената мерка се донесе по барање на Професорот Љубомир Фрчкоски, кој што го тужи Андов за клевета, бидејќи во книгата се зборува за неговата улога во атентатот на поранешниот претседател, Киро Глигоров. Давидовиќ објаснува дека Фрчковски не е наклеветен, бидејќи, Андов пишува за пропустите во истрагата во тоа време, а тврдењето го поткрепува со факти и со дадени изјави.