• Latest

Април-месец на избори во Европа: Макрон и Вучиќ веќе можат да слават победа, Јанша и Орбан сами ќе играат полка и чардаш (втор дел)

April 2, 2022

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Април-месец на избори во Европа: Макрон и Вучиќ веќе можат да слават победа, Јанша и Орбан сами ќе играат полка и чардаш (втор дел)

 Сателитите на Путин, Јанша и Орбан ќе заминат во историја ?

April 2, 2022 10:30
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

АЛЕКСАНДАР НИКОЛИЌ ПИСАРЕВ

Сателитите на Путин, Јанша и Орбан ќе заминат во историја ?

Дејан Водовник, политички аналитичар и колумнист на словенечко „Дело“ специјално за ЦИВИЛ МедиА вели дека во Словенија почетокот на изборната кампања покажува дека помладата генерација ке биде собрана  околу движењето „8 март“ кое го предводи противкандидатот на Јанез Јанша Роберт Голоб и чии шанси за победа се сѐ поголеми.
Словенечкиот претседател Борут Пахор изјавил дека мандат за состав на новата словенечка влада ке го повери на оној кандидат за кој ќе биде потполно јасно дека во парламентот  кој брои 90 пратеници ке има апсолутно мнозинство и поддршка. На таквата одлука се решил поучен од искуството во 2018 година, кога  мандатот за состав на новата влада му доверил на претседателот на Словенечката демократска странка  (СДС) Јанез Јанша сегашниот актуелен премиер, кој многу бргу го врати мандатот бидејќи не успеал да обезбеди мнозинство во парламентот, затоа што другите партии не сакале да влезат во потенцијална коалиција со него. Тоа создаде политичка криза и лош политички амбиент во Словенија. Јанша е премиер од март 2020 година кога владата на Марјан Шарец откако ја загуби поддршката на мнозинството поднесе оставка. Освен на парламентарните, Словенците оваа година ќе излезат и на  локалните избори и изборите за претседателот на државата. Актуелниот претседател Борут Пахор  не може да се кандидира повторно бидејќи веќе два мандата консекутивно беше на чело на државата.

Борут Пахор, претседател на Словенија

Водовник оценува дека шансите на Јанша на овие избори се сѐ помали од повеќе  причини. Посебно после неговата изјава дека Словенија треба да воспостави поблиски односи со Тајван и да отвори реципрочно трговски  претставништва на што Кина многу остро реагираше оценувајќи дека таквите потези на Јанша се опасни и спротивни на добрите односи помеѓу двете држави. Поради ваквите негови екскурзии коалиција на четири лево ориентирани словенечки политички партии побарала да се одржи вонредната седница на парламентарниот одбор за надворешна политика и да заземе став дека ваквото однесување на Јанша е провокативно и е спротивно со определбите на парламентот за правците на надворешната политика.

Јанез Јанша

Според нив ваквото однесување на Јанша може сериозно да ги загрози стопанските релации помеѓу Словенија и Кина, посебни во соработката во електронска индустрија во која Словенија дел од своите производни погони ги има преселено во Кина.  Од таму според анкетите најголемите шанси за состав на новата словенечка влада имаат коалиции на левите партии, а од поединечните партии повторно најмногу гласови би освоила СДС на актуелниот премиер Јанез Јанша.
„Моменталната политичка ситуација во Република Словенија може да се опише како прилично турбулентна вели специјално за ЦИВИЛ Медиа Дејан Водовник.

„Има многу меѓусебни обвинувања а малку заеднички и допирни точки помеѓу политичките партии што креира еден шаренолики дискурс. Граѓаните на Словенија очекуваат дека изборите се добра шанса состојбата да се нормализира. Парламентот чиј мандат завршува во април обележен е со коалиции кои немаа стабилно парламентарно мнозинство што  отежнува функционирање на институциите. Она што е моментално позитивен тренд во оваа држава е се поголем интерес на младите луѓе за политичките премрежија што веројатно ќе се одрази и на поголема излезност на претстојните избори“.

Водовник оваа проценка ја базира врз фактот што на минатогодишниот референдум за Законот за водите излезе голем број на младите бирачи кои дадоа негативен одговор на предлогот на Владата. „Тие се сега собрани околу движењето „8.март“ во кое се здружени  десетина граѓански иницијативи кои во многу нешта потсетува на грчката Сириза и имаат големи шанси да победат на изборите. Движењето го предводи Роберт Голоб кој пред десетина години беше потпретседател на политичката странка „Позитивна Словенија“ и многу се големи шансите да го победи Јанез Јанша на априлските из бори“ вели Водовник.
Се поголем број на Словенците сметат дека Јанша е пратечки сателит на Виктор Орбан, и пратечки сателит на Путиновата политика во Европа. Се проценува дека од 1.7 милиони впишани бирачи на изборите ќе излезат над 53 проценти и дека генерално политичкиот курс на Словенија ке се врати на европскиот колосек под палката на Голоб.
Во Словенија изборите се кон крајот на месецот и кампањата уште не е „загреана“ но прелиминарните истражувања за кои поголем процент на Словенците сметаат дека се фингирани покажуваат дека Јанез Јанша има блага предност во однос на Робет Голоб, но тешко дека ќе успее да се спротивстави на „8 Март“. Доколку Јанша остане на власт тоа би значело дека владата и понатаму ќе ја води политика кон десно што би бил некаков континуитет на неговата врска со екстремниот европски десничар премиерот на Унгарија Виктор Орбан на што Брисел и во изминатиот период не гледаше многу благонаклоно. На Јанша му се припишува и контроверзниот документ „нон-пејпер“ кој предвидува прекројување на границите во Западен Балкан, распарчување на суверените држави Македонија, Босна и Црна Гора. Јанша во почеток неги демантираше овие тврдења, а после жестоки реакции во споменатите држави изјави дека не постои таков документ и дека не е креиран во неговиот кабинет.
Доколку Голоб добие поголема поддршка на гласачите може да се очекува сериозна промена на надворешната политика на Словенија во правец на посилен проевропски пат, оддалечување од политиката на унгарскиот премиер Виктор Орбан и подобри односи и поддршка на Македонија и државите од Западен Балкан на нивниот европски пат.

Балкан

Според моменталниот политички мозаик во оваа држава ни една од политичките партии нема апсолутна поддршка на гласачите така што најверојатно и после априлските избори ќе има прегрупирање на коалициите.
Најжестоката битка за гласовите ќе се  води помеѓу десничарот Јанез Јанша и проевропскиот левичар Роберт Голоб, меѓутоа десничарите на Јанша нема лесно да се одрекнат од власт и до крај ќе го следат својот водач кој од комунистички функционер во некогашната заедничка држава Југославија се пресели во екстремната десница со про-фашистичките истомисленици од другите европски држави..

УНГАРИЈА – Орбан на стаклени нозе

Парламентарните избори во Унгарија ќе се одржат на 3 април. Тоа ќе биде ден кога Виктор Орбан, првпат сериозно ќе се соочи со опозицијата откако неговата партија Фидес ја освои власта во 2010 година. Истиот ден ќе биде одржан и референдум за контроверзниот закон за ЛГБТ заедницата кој веќе е осуден од ЕУ како загрозување на човековите права. Суверениот владар на Унгарија после дводецениското автократно владеење стои на „стаклени нозе“. Унгарската опозиција на овие избори настапува исклучително сложно и се поизвесно е дека конзервативниот но сепак длабоко европски ориентиран опозициски кандидат Петер Марки Зај со поддршка на шест политички партии (левица, центар и десница) би можеле да го турнат Орбан од власт и тој да стане новиот премиер на Унгарија. Марки Зај е економист и инженер кој пет години живеел во САД и Канада, а  во 2018 година победил на локалните избори во малото провинциско гратче Ходмезевашархељ со 44.000 жители каде со децении бил силен центар на Орбановата партија Фидес.

Марки Зај

„Ако бидеме обединети, тогаш ке можеме да ја тргнеме од власт најкорумпираната влада во Унгарија за последните 1000 години изјавил Марки Зај. Тој најавил дека ако победи на изборите веднаш ќе ги прекине сите блиски врски кои Орбан ги воспоставил со автократските режими во Русија и Кина и ќе ги подобри односите со земјите од Европската унија и другите западни сојузници. Се очекува дека овие избори ке бидат најголем предизвик за граѓаните на Унгарија во последните неколку децении.
Здружената опозиција на Унгарија најмногу го критикува Орбан  дека ги издал принципите на НАТО и ЕУ, дека најавил излегување на Унгарија од ЕУ и дека ја довел Унгарија во незгодна позиција со Москва.  Орбан го критикуваат и поради нелибералните ставови кон мигрантите ЛГБТ заедницата, што ја загушува Слобода на медиуми, правата на граѓанските здруженија, што ги узурпира демократските институции, што овозможил раширена корупција.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјавила дека предложениот закон кој ги загрозува правата на ЛГБТ заедницата е спротивен на вредностите на ЕУ, а холандскиот премиер Марк Руте оценил дека на Унгарија со ваквите ставови „повеќе не и е место во ЕУ“.

Ursula von der Leyen, the candidate to succeed Jean-Claude Juncker as head of the EU executive, answers parliament members during a debate at the European Parliament in Strasbourg, eastern France, Tuesday July 16, 2019. Ursula von der Leyen is seeking to woo enough legislators at the European Parliament to secure the job of European Commission President in a secret vote late Tuesday. (AP Photo/Jean-Francois Badias)

Во последните две децении политиката на Унгарија која ја води Виктор Орбан го напушти Бриселскиот политички курс поради што жестоко е критикувана од страна Европската унија. Орбановата десничарска политика последните години се движи по „ивицата на ножот“ кон фашистичката идеологија, посебно кога се во прашање мигрантите и човековите права. Политиката на Орбан постојано го вознемирува Брисел, со неговите изјави дека за Унгарија има живот и надвор од Европска унија.

Загрижувачки се неговите претерано блиски врски со рускиот претседател Владимир Путин и постојани меѓусебни посети во Москва или Будимпешта, ангажирање на руските наместо на европските компании во изградбата на нуклеарна централа за која кредитот во висина од десет милијарди евра е земен од Руската федерација. Неговото влијание е силно забележливо и врз словенечкиот премиер Јанез Јанша.
Како пратечки сателит на политиката на рускиот претседател Владимир Путин, Орбан на посреден начин го усмерува  влијанието на Москва врз западен Балкан, за тоа сведочи и неговото нераскинливо пријателство со бившиот македонски премиер Никола Груевски кој бегајќи од правдата го пронајде уточиште во Унгарија кај Виктор Орбан. Неговото противење на Русија да и се воведат санкции и поддршка, не само политичка него и материјална на претседателот на Република Српска Милорад Додик како и блискост со српскиот претседател Александар Вучиќ јасно го покажуваат колосек на кој би сакал Орбан да ја постави не само Унгарија, него и идеолошки блиските сојузници од овој дел на Европа. Според тоа, не е изненадувачки што воочи истиот изборен ден во Унгарија и Србија, Вучиќ за српските медиуми изјавил дека односите помеѓу Унгарија и Србија за време на мандатот на Орбан биле на исклучително високо и одлично ниво.

Hungary’s Prime Minister Viktor Orban arrives at the Mozarteum University to attend a plenary session part of the EU Informal Summit of Heads of State or Government in Salzburg, Austria, on September 20, 2018. (Photo by Christof STACHE / AFP) (Photo credit should read CHRISTOF STACHE/AFP/Getty Images)

Иако сеуште има значајна поддршка на бирачите, Орбан на овие избори стои на „стаклени нозе“.
Евентуалната победа на опозицијата и на нивниот кандидат сигурни би довела до значајно релаксирање на односите помеѓу Унгарија и Европската унија бидејќи Марки Зај и покрај неговиот конзервативизам важи за проевропски политичар што на официјален Брисел сосема сигурно повеќе му одговара него на власт и понатаму да остане Орбан со неговата Фидес кој без дилема би продолжил да ги унапредува и понатаму односите со Москва. И не само со Москва, него и со бившиот американски претседател Доналд Трамп чија несебична поддршка на Орбан не изостана и за овие избори. Поради ваквите околности во кои ќе се одвива гласањето во Унгарија, невладините организации бараат засилено присуство на ОБСЕ за време на гласањето и распоредување на неколку стотици нивни набљудувачи на гласачки места, за да не се повторува изборната автократија.

 

 

 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ