Во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје, утре ќе се отвори изложбата „Загрозен Модернизам: архитектонски сценарија за адаптивна (ре)употреба“, со почеток од 20 часот.
Изложбата претставува сегмент од научноистражувачкиот проект „Загрозен Модернизам“, финасиран од средствата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за 2017/2018 година, а изложбата е поддржана и од Младинскиот културен центар во Скопје.
Автори на научноистражувачкиот проект и изложбата се доц. д-р Ана Ивановска Дескова, доц. д-р Горан Мицковски, вонр. проф. д-р Елизабета Касапова и вонр. проф. д-р Јован Ивановски.
А. П.