Некоку припадници на Армијата во кратко видео со пораката „Спаси живот, држи растојание“ ги советуваат граѓаните да се држат до препораките и мерките за заштита од корона вирусот.
Видеото е снимено во Куманово и Прилеп, каде припадници на Армијата се распоредени за одржување на редот.
„Почитувајте ги препораките за одржување безбедно растојание, дајте го вашиот придонес во спречување на ширењето на вирусот Ковид-19″. Армијата е секогаш со вас. Да спасиме животи заедно“, велат од Армијата.












