Како дел од програмата на овогодинешниот Викенд на гордоста, во Младинскиот културен центар (МКЦ), вчера се одигра претставата „Дијамант“ на режисерот Дејвид Холј, а во изведба на дрег театарската група LipSinkers.Претставата прикажува еден долг период на ЛГБТ еманципацијата, почнувајќи од 1957 година па наваму преку биографија на Дејвид Хојл. Преку аванградноста на ова театарскодело, Хојл има за цел да ја прикже макотрпната борба за еднаквост и родовите прашања во општествен и политиччки контекст во 1990тите години.
Викенд на гордоста завршува вечерва со Кино Култура со поетскиот перформанс Пред да излезам (ме сакаш) на
Травис Алабанза во 20:30 часот и со диџеј сет на Сооња Сајзор од Србија) и Дрег шоу на Haus of K.G. (KayGie) и Острога Ми, исто така, од Србија.
Скопскиот викенд на гордоста 2018 е реализиран со несебичната поддршка на Heinrich-Böll-Stiftung, Фондација Отворено општество – Македонија, Министерство за култура, Европската унија и Civica Mobilitas.
Б.Ј.
Фотографии: Ванчо Џамбаски