Откако во 2007 година запреа директните летови меѓу Скопје и Атина, по промената на името на скопскиот аеродром, синоќа на меѓународниот аеродром во Скопје, слета првиот авион на грчката компанија “Aegean Airlines”.
Меѓу патниците во авионот беше и потпретседателот на владата Бујар Османи, кој синоќа ја заврши официјалната посета на Атина, а оттаму го испрати помошник министерот за европски работи на Грција Георгис Катругалос.
Османи на својот фејсбук профил објави видео од испраќањето.
(#127468#)(#127479#) – (#128748#) – (#127474#)(#127472#)Athens – Skopje
Gepostet von Bujar Osmani am Donnerstag, 1. November 2018
„Атина и Скопје од вечерва се далеку, далеку поблиски градови! Имавме прекрасен лет, во кој имавме можност да ги разгледавме и Атина и Скопје навечер како светат од високо, и верувајте, глетката беше прекрасна. Навистина е прекрасно да се видат двата главни града, на двете соседни земји, во еден ист лет, што секако ја симболизира и блискоста на двете земји“, напиша Османи.