„Ни стигна потврдена информација дека седницата е одложена, а тројца пратеници не ги прифаќаат барањата на Беса. Тие биле заклучени во Собранието и им се врши притисок, по наредба на Џес Бејли. Ова е државен удар“ – тврди Бачев, за кој е познато дека работи за руските интереси.
Тој побара итно да дојде и јавниот обвинител и да даде налог за апсење бидејќи се врши притисок врз тројца народни избраници. Дополнително, Бачев го повика и претседателот Ѓорге Иванов да дојде и да не молчи бидејќи, како што рече, во Собранието се случува државен удар.
Д. М.
фото: Б. Јордановска