Изобилната ликвидност има за цел да им помогне на пазарите. Наскоро тоа може да предизвика и проблеми…
Кога пазарите на обврзници престанаа со работа пролетта 2020 година, проблемот беше недостаток на готовина. Глобалната трка за долари предизвикаа приносите на обврзниците, кои се движат обратнопропорционално од цените, нагло да скокнат. Тоа ја искачи зелената банкнота високо на девизните пазари. А тоа предизвика тргувањето со вредносни обврзници, обично најликвидниот пазар на светот, скоро да пресуши. Денес демне обратен проблем: вишок на пари. Тоа произлегува од одговорот на Федералните резерви кон минатогодишната криза. Централната банка ги смируваше пазарите со купување големи количини на обврзници со новосоздадена готовина и продолжува со своите набавки, со моментално темпо од најмалку 120 милијарди долари месечно. Изобилството на долари им создава главоболки на банките и инвеститорите.
Купување обврзница од страна на централна банка за готовина звучи како едноставна размена на средство за средство. Всушност, тоа често го зголемува бакарскиот систем. Кога федералните резерви купуваат средства на секунадарниот пазар, да речеме од пензиски фонд, не можат да му платат на фондот со електронските пари што ги создава, затоа што само банките можат да ги чуваат овие таканаречени „резерви“. Наместо тоа, фондот добива новосоздаден депозит во својата банка, а банката ја добива новосоздадената резерва во Федералните резерви. Банката на крај излегува поголема, со нова обврска и ново средство. Истото се случува кога банка купува свежо издаден долг на аукција на Министерството за финансии, а потоа го продава на Федералните резерви. Кога владата ги троши средствата што ги има прибрано, како на пример преку испраќање чекови до домаќинства или преку плаќање на својот персонал, банкарскиот систем расте.
Извор: The Economist