„Кои мерки ќе ги преземат локалните власти за решавање на проблемот со бездомните кучиња?“, прашуваат граѓанските новинар(к)и Благојчо Костадинов, Симона М. Живкова и Петар Гурев.
Тие во рамки на теренската работа од семинарот за граѓанско новинарство на ЦИВИЛ – Центар за слобода на (17 февруари 2019 година), го прашаа градоначалникот на општина Велес, Аце Коцевски, како планира да го реши овој горлив проблем со бездомните кучиња?
Во друг случај улично куче остана без своите уши. Активистите за заштита на животните, морале да му дадат средство за успивање, за да му се укаже прва помош, бидејќи кучето било исплашено, вознемирено и трпело големи болки. Утврдено е дека пред да му бидат исечени ушите, било малтретирано и тепано.
Секој ден во медиумите има случаи каде што некој/а граѓанка или граѓанин е каснат или нападнат од кучиња скитници. Па поради тоа често граѓаните „правдата“ ја земаат во свои раце и ги убиваат или трујат бездомните кучиња.
Централните и локалните власти никако не можат да го решат овој проблем.
Tекст: Дехран Муратов
Видео: Благојчо Костадинов, Симона М. Живкова и Петар Гурев
Монтажа: Биљана Јордановска