Градските власти на Берлин донесоа одлука Меѓународниот ден на жените – 8 Март да биде неработен ден.
Властите на главниот град на Германија го усвоија текстот што го предложија Социјалдемократската партија (СПД), Зелената партија и Левицата. Советниците во Берлин веќе со месеци расправаа за овој предлог.
Одлуката наиде на критика кај индустриската и трговската комора на Берлин, кои сметаат дека тој неработен ден градот ќе го чини околу 160 милиони евра.
Д. М.