поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
БЕСПРЕКОРНОТО ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА КОАЛИЦИЈАТА ДУИ-ВМРО-СДСМ
Али вика дека коалицијата ДУИ-ВМРО функционира без никакви проблеми. И ние тоа го гледаме. Тоа без сомневање така ќе функционира и натаму сѐ додека он со своите соработници не одговараат за „добрите дела“ што ги направиле за време на заедничката власт со ВМРО и додека Заев сега продолжува да ги брани.
Партнерството меѓу ДУИ и СДСМ функционира без проблеми, затоа немаме правна држава.
Дуистите на власт се однесуваат како законот за нив не важи, а ВМРО и сега и СДСМ тоа го толерираат.
ПИШТОЛЏИСКИТЕ ВЕСЕЛБИ НА ДУИСТИТЕ
Дека коалицијата одлично функционира, се гледа и по тоа како дуистите се веселат на свадба.
„ВИСИНИТЕ“ ОД КОИ ГЛЕДА АЛИ АХМЕТИ НА ПРАВНАТА ДРЖАВА
Али од височина ги советува Заев и Блерим, како децата да се караат, споровите во меѓусебните односи сами да ги решат. Споровите меѓу Премиер и Градоначалник, ако се само лични, можат да бидат секакви и за граѓаните не се важни. Антикорупциска предлага Беџети да се гони кривично, а он за тоа ќе ја тужи. Кон Заев упатува јавно тешки обвинувања и закани. Али изгледа не знае дека овие спорови го допираат јавниот интерес и за нив постапки треба да покренат надлежните државни органи, а не тие самите да ги решат, со цел коалицијата меѓу ДУИ и СДСМ да функционира без проблеми, без да се применат законите.
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.