Навистина е голем бројот на прашањата што во изминатиов период ги доставивме до г. Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Можеби се здодевни, можеби нема време да ги одговори, но денеска имаме едно многу интересно прашање, за кое веруваме дека за него ќе биде предизвик да го одговори.
Тоа е следното прашање:
Кој е Вашиот коментар на сведоштвото на заменик-министерката за внатрешни работи, г-ѓа Славјанка Петровска на ТВ 24, дека сте се јавувале во внатрешна контрола на МВР за да извршите притисок да се затвори случајот „Теретана“? Навистина, дали се јавувавте во МВР да интервенирате, да ја спречите истрагата околу „Теретана“?
Но, кога сме веќе тука, јас би сакал да ве потсетиме и на неколку други прашања кои беа доставени на 14 мај преку електронска пошта. Тоа се следните прашања:
Веќе подолго време до нас стигнуваат информации дека на врвот во ВМРО-ДПМНЕ има превирања околу тоа кој ќе го преземе партиското водство, со оглед на незадоволството од работата на сегашниот претседател Мицкоски. Кој е Вашиот коментар на овие информации?
Се разбира, прашањето може да го одговори и претставник на партијата.
Колкаво е влијанието на Груевски во креирањето на политиките на Вашата партија? Колкаво е неговото влијание врз партиското раководство? Не мора само да влијае на лидерот…
Дали имате план да се оградите од политиките на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во периодот на владеењето на Груевски?
Дали имате план за враќање на 8-милионскиот долг на партијата? Доколку одговорот е потврден, во што се состои тој план?
Како се финансираат кампањите на ВМРО-ДПМНЕ во услови на милионски долг?
До каде е постапката за решавање на проблемот со ревизорскиот извештај за претседателските избори за финансискиот извештај на ВМРО-ДПМНЕ каде што има „дупка“ од околу 400.000 евра? Што е со недостатокот од 3,2 милиони евра во извештајот од изборите во 2011 година?
Се разбира, оставаме простор, доколку претседателот на партијата, Мицкоски, е расположен да ги одговори прашањата и во едно видео интервју, се разбира дека ќе му излеземе во пресрет, но секако дека оставаме простор и некој негов друг претставник, портпарол или потпретседател во партијата, да даде одговор на овие и на другите прашања кои до сега се поставени, а за жал, сѐ уште не се одговорени, претпоставувам, од максимално оправдани причини.
Ви благодариме.
*
Денеска, прашања му поставивме и на техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев: