Лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов одведен во Генералниот директорат на Националната полиција. Со црн џип бил изнесен од неговиот дом во Банкаја, јавува БГНЕС.
„Извршен е претрес во услови на итност без дозвола од суд. Нему ќе му биде одреден 24 часовен притвор. Постапката е од 17 март и не ми кажуваат за што се, нема документи освен извештајот за претрес. Од неговиот дом и лично не му се одземени предмети“, изјави адвокатот Менко Менков.
Ќе видам каква наредба ќе направат, па ќе се видиме горе пред полициска управа. На Борисов не му беше кажано ниту зошто е приведен. Во моментов се врши претрес во домот на неговата порпаролка Севдалина Арнаудова, додаде тој.
Вечерва околу 20 часот, десет цивилни полицајци влегле во домот на лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов во Банкаја.
Првично бугарското МВР соопшти дека покрај Борисов уапсиле уште три лица, меѓу кои Владислав Горанов, Менда Стојанова и Севделина Арнаудова. Малку по 21 часот, пак, оваа вест е избришана од веб-страницата на МВР.
Подоцна МВР го објави следното соопштение: „Во тек е голема операција во врска со 120 случаи на Европското обвинителство во Бугарија. Претреси и заплени се вршат на многу адреси. Во моментов се приведени Бојко Борисов, Владислав Горанов, Менда Стојанова и Севдалина Арнаудова. Акцијата продолжува“, пренесуваат од БГНЕС.
J. Ѓ.