• Latest

Бибер: Бугарското вето е неодржливо, ја дискредитира ЕУ и ги обесхрабрува другите земји кандидати

November 23, 2020
Илустрација ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (4): Недостапни избирачки места – правото на глас заглавено на втор кат

November 12, 2025
Фотографија: UNOPS South East Europe - Platform X

Конференција Western Balkans 2030: Потребни се десетици милијарди евра за да се прилагоди регионот на климатските промени

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (3): ИО не дозволил да гласа граѓанин кој го имало при проверка со фингрпринт, но го немало во Избирачкиот список, иако во првиот круг му дозволиле

November 12, 2025
Илустрација. ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (2): „Ние знаеме што правиме“ – избирачките одбори пречка во работата на набљудувачите на ЦИВИЛ

November 12, 2025
Фото: Лукоил Македонија/ Фејсбук

Лукоил во цајтнот, нема одговор за судбината на македонската подружница со 550 вработени и 40 бензински пумпи

November 12, 2025
Презентацијата на рускиот робот со вештачка интелигенција сличен на човек - падна додека одеше на сцената.. скриншот од X/@Gerashchenko_en

(ВИДЕО) Првиот руски хуманоиден робот падна на сцената за неколку секунди од презентацијата

November 12, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Њујорк Тајмс: Жените -лидерки во светот, „железните дами“ на десницата

November 12, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ: Информациска војна и пропаганден екосистем во Северна Македонија

November 12, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

Загреб го забрани поздравот „За дом спремни“ на концертите и јавните настани во градот

November 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Стармер ќе се бори против обидите за негова замена како лидер на Лабуристичката партија

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Бибер: Бугарското вето е неодржливо, ја дискредитира ЕУ и ги обесхрабрува другите земји кандидати

November 23, 2020 14:41
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Блокадата на Бугарија на евроинтеграцијата на С Македонија го киднапира процесот на проширување на ЕУ, го загрозува кредибилитетот на Унијата и ги обесхрабрува другите земји кандидати. Потпишувањето декларации со кои аспирантите и земјите членки ќе се обврзат да не си го блокираат патот кон ЕУ во однос на билатералните прашања треба да биде стандард, оценува во коментар за МИА политичкиот аналитичар и експерт за Балканот, професорот на Универзитетот во Грац, Флоријан Бибер. Сепак, додава, проблемот е повеќе во тоа што нема доволно земји во ЕУ кои се ентузијасти за проширувањето, кои се подготвени да притиснат и да извршат притисок врз своите колеги-членки за да се отстранат ваквите блокади.

Запрашан за позицијата на Софија која ја условува европската интеграција на нашата земја со прифаќање на бугарските корени на идентитетот и јазикот – непринципиелни барања што го нарушуваат правото на земјата за самоопределување, Бибер оценува дека таа е проблематична од три аспекти

– Бугарската позиција е проблематична од три аспекти. Прво, таа поставува барања од Македонија, кои не треба да бидат предмет на политички одлуки и притисок меѓу земјите. Без оглед како да се толкува историјата, ова треба да биде работа на историчарите, инаку за историјата дискутираат аматери. Исто така, ја става историјата во служба на одредена нација. Второ, наметнување на национална историја на друг е малтретирање и исто така не е во согласност со добрососедските односи. Трето, ваквите прашања не треба да застанат на патот на пристапувањето во ЕУ бидејќи не се однесуваат на подготвеноста на Унијата за Северна Македонија. Со тоа се киднапира пристапот кон ЕУ. Земјите од Западен Балкан потпишаа двапати декларации со кои се обврзаа да не си го блокираат патот кон ЕУ во однос на билатералните прашања. Додека Бугарија нема потпишано, ова треба да биде стандард, вели Бибер.

Се разбира, додава тој, Бугарија има моќ да го искористи своето вето за ова прашање, а за историскиот спор вели не сака да навлегува, бидејќи постојат националистички и еднострани толкувања и во С Македонија и во Бугарија.

Во однос на тоа дали сме сведоци на повторување на грчкото сценарио и што ќе значи тоа за европскиот пат на С Македонија, австрискиот експерт со став дека овој случај е многу поинаков, но и дека ќе и биде тешко на Бугарија да ја одржи оваа своја позиција

– Малку е поинаку, бидејќи Грција имаше приговор уште од независноста на земјата. Бугарија, пак, иако е јасно дека има различни ставови од С.Македонија, тоа никогаш не го постави како услов. Со тоа таа уште повеќе губи на кредибилитет. Понатаму, Бугарија е послаба земја-членка на ЕУ со помалку моќ. Јас би очекувал дека ќе и биде тешко да ја одржи својата позиција. Борисов е генерално прагматичен и исто така се обидуваше да не се истакне или да биде во конфликт со мнозинството од ЕУ како Унгарија или Полска, вели Бибер.

Тој оценува дека ветото ќе се одрази обесхрабрувачки на исполнувањето на реформската агенда на земјата, но и дека ќе има последици за евроинтегративниот процес за целиот регион на Западен Балкан.

– Се разбира, тоа е обесхрабрување за реформите и напорите за влез во ЕУ. Ќе може да се каже – зошто да се мачите, ако една земја може да го блокира процесот од која било причина. Она што на овој аргумент му недостига е дека влегувањето во ЕУ никогаш не е цел сама по себе, но владеењето на правото, реформираната економија и другите услови се корисни и важни за земјата да има подобри правила, да биде подемократска и подобро да функционира економијата. Вреди да се ангажирате во реформи дури и ако членството во ЕУ не се случи. Сепак, многу потешко е да се мотивираат и да се привлечат скептиците доколку се појават овие блокади. Повознемирувачко е тоа што нема гаранција дека други членки на ЕУ нема да се вклучат во слични блокади од други причини. Ова сериозно го загрозува кредибилитетот. Особено во однос на прашањата што е потешко да се решат, како што се односите меѓу Србија и Косово, тешко е да се види зошто Србија треба да се согласи на компромис, ако и се нуди само многу неизвесна ЕУ – иднина, нагласува проф. Бибер

За тоа во чиј интерес е да се блокира процесот на евроинтеграција, Бибер смета дека во случајов станува збор за кратковид националистички став на Софија.

– Во овој случај, тоа е кратковид националистички став на сегашната бугарска влада. Мислам дека не е стратешки, бидејќи плаќа цена за таквата позиција во ЕУ и исто така ги нарушува нејзиниот кредибилитет и односите со С. Македонија. Постојат и други кои се скептични во однос на проширувањето, како што се Франција и Холандија. Сепак, не изгледа дека тие во моментов се „кријат“ зад бугарската позиција. Проблемот е повеќе во тоа што нема доволно земји кои се ентузијасти за проширувањето, кои се подготвени да притиснат и да извршат притисок врз своите колеги-членки за да се отстранат ваквите блокади, заклучува аналитичарот Флоријан Бибер во изјава за МИА.

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ