• Latest

Битиќи: Од утре аплицирање за поддршка на платите и детали за шестиот антикризен пакет

April 19, 2021
Презентацијата на рускиот робот со вештачка интелигенција сличен на човек - падна додека одеше на сцената.. скриншот од X/@Gerashchenko_en

(ВИДЕО) Првиот руски хуманоиден робот падна на сцената за неколку секунди од презентацијата

November 12, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Њујорк Тајмс: Жените -лидерки во светот, „железните дами“ на десницата

November 12, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ: Информациска војна и пропаганден екосистем во Северна Македонија

November 12, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

Загреб го забрани поздравот „За дом спремни“ на концертите и јавните настани во градот

November 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Стармер ќе се бори против обидите за негова замена како лидер на Лабуристичката партија

November 12, 2025
Војниците на ИДФ дејствуваат на источната страна од Жолтата линија во Кан Јунис во јужна Газа, на фотографија од брошурата објавена на 9 ноември 2025 година. Фото: ИДФ

Кушнер и Нетанјаху сè уште бараат решение за застојот со терористите на Хамас во тунелите во Рафа

November 12, 2025
Демонстрантите се судрија со обезбедувањето на местото на одржување на COP30 во Бразил. Скриншот од видео на ВВС

Домородни демонстрантите упаднаа на COP30 во Бразил носејќи транспаренти „нашите шуми не се на продажба“

November 12, 2025
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Од утре аплицирање за поддршка на платите и детали за шестиот антикризен пакет

April 19, 2021 20:23
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

„Од 27 април планираме да има одредено олабавување на мерките во смисла на дозволи за работа, но будно ги следиме препораките не Комисијата за заразни болести, рече вечерва вицепремиерот за економски прашања“, Фатмир Битиќи.

Битиќи во гостување на ТВ 24 најави дека од утре почнува аплицирањето за финансиска поддршка на платите, а на прес-конференција Владата ќе го соопшти и новиот, шести пакет кој тој го нарекува, како што нагласи, „пет плус“. Најавена ќе биде и операционализацијата на мерката од Развојната банка за бескаматните кредити.

Мерката што утре ќе биде соопштена во однос на угостителите како дел од шестиот пакет, откри Битиќи, е поддршка на  пресметаниот пад на приходите од 30 отсто овој месец, додека се затворени. Тоа значи, како што објасни, дека на угостителските дејности целиот период во кој се затворени ќе им бидат супституирани 30 проценти од приходите и дополнително ќе им се дадат 50 отсто од бруто минималната плата за секое вработено лице.

Се прават, додаде Битиќи, и последните калкулации за отпис на камати за долгови постори од три месеци, се собираат информациите од сите јавни претрпијатија на централно и локално ниво и се прави законското решение. По вчерашниот ден, Битиќи се надева, како што истакна, дека нема да има слични сиитуации и дека секој економски закон ќе се изгласа во најбрз рок.

Според вицепремиерот, се креираат и законски решенија за даночни олеснувања кои годинава би се реализрале како мерки.

„Денеска беше доста тежок ден, се прават последните подготовки и финалните анализи за владината седница. Собиравме информации за мерката која утре ќе ја обзнаниме по седницата. Комисијата за заразни болсти е одговорна, таа „го води орото“ со коронавирусот и мораме да ги следиме нејзините препораки. Денеска имавме и Главен кризен штаб, тие имаат одредени препоркаи, ние како Влада секако ги разгледуваме и утре ќе ги усвоиме соодветно. Тие се во насока на оптимизирање на тоа што е позитивен ефект од мерките. Свесни сме дека затворање на одреден сектор има последици и затоа утре ќе ги донесеме економските мерки. Ќе одговориме соодветно, со сосема нов модел. Воедно сме подготвени исплатите од петтиот пакет да почнат веднаш, најбрзо што е возможно, зашто знаеме колку е потребно средствата да стигнат до граѓаните. Мерката е предвидена за 60.000 плати, за 60.000 работници или 120.000 за два месеца, а тоа се 120.000 семејства“, истакна Битиќи.

Тој очекува дека ќе има интерес во однос на бескаматните кредити за фирмите. Овој модел, рече, е добар и ќе им помогне на компаниите да ја подобрат ликвидноста, но не само сега, туку и понатаму да опстанат.

Откако соопшти дека со новиот пакет ќе бидат опфатени и туристичките оператори, вицепремиерот упати апел до туристичките агенции дека ги кани да седнат на заедничка маса и да договорат мерки на среден и на долг рок. Ваучерите за туризам, истакна Битиќи, се поврзани со буџетска календарска година и не може тоа што е испланирано за оваа, да важи следната година.

„Ги поканувам туристичките агенции оваа или следната недела да дојдат и да седнеме заедно, да ги обмислиме мерките на среден и долг рок. Да седнеме, да креираме среднорочен план, тоа е многу подобро од планирање денеска за денеска. Мора да се соочиме со реалноста и да планираме како полесно да ја надминеме кризата“, напомена вицепремиерот.

„Секој денар од Буџетот што годинава се троши мора да оди за спраување со Ковид“, подвлече Битиќи.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ