ЦИВИЛ ја поздравува одлуката на Владата бидејќи имаше слух за синоќешниот повик на ЦИВИЛ да се донесе одлука за целосна забрана за работа во текот на полицискиот час за време на продолжениот празничен викенд. „Бројот на случаи на заразени од коронавирусот е во пораст токму меѓу работничките и работниците во приватниот сектор, особено во текстилната индустрија. ЦИВИЛ ја повикува владата да донесе строга забрана за работа во Штип, но и во други општини (Скопје, Куманово, Тетово итн.) каде што се бележи пораст на бројот на носителите и заболените од коронавирусот“, побара ЦИВИЛ.
Сите фабрики се очекува да бидат затворени, а за одлуката се известени инспекторатите и најстрого ќе бидат казнети оние што ќе ги повикаат работниците на работа. Бочварски упати апел доколку се знае за прекршувања, тие веднаш да бидат пријавени до инспекторатите или Кризниот штаб.
Тој истакна дека одлуката за затварање на сите фабрики не може да ја донесе тој и дека е невозможно да се бара затворање на цел комплексен систем на неопределено време.
„Ова би значело крах на економијата и отпуштање над седум илјади луѓе од работа, кои ќе останат на улица и без егзистенција. Затоа треба сите да се прилагодиме на оваа нова реалност, но и кога има полициски час тој мора исклучително да важи за сите, рече Бочварски.
Денеска во Штип се регистрирани нови 17 позитивни случаи на коронавирус.
Д.М.