И на вториот ден од дебатата за одземање на имунитетот на пратеникот Трајки Велјаноски, неговите сопартијци тврдат дека тој имал шанси да избега, но дека тоа не го направил за овие две години. Според нив, Велјаноски ни сега нема да бега и затоа ценат дека нема основа за одземање на пратеничкиот имунитет. Но, председателот на комисијата за мандатни и имунитетни прашања, Павле Богоевски, потсети дека ниту Груевски не бегаше до последен миг и ветуваше дека никогаш нема да го направи тоа, но на крајот избега во Унгарија.
„Да, Груевски рече дека тоа ќе го направи, дека ќе се откаже од имунитеот и ќе оди во затвор, но прв лавовски избега во Унгарија и сега од таму на сите ни се смее, и нам и вам. Јас сакам да го видам Никола Груевски и двајцата патриоти бегалци во затвор“, рече Богоевски.
Тој додаде дека во криминалистиката е познато дека луѓето не размислуват за бегство сѐ додека не е покрената тужба, но кога тоа ќе се случи, прв инстинкт е бегството. Затоа, според Богоевски, појавувањето на Велјаноски на седницата на комисијата не е доказ дека тој нема да избега во првата погодна прилика.
А. Зеќири
фотографија: ЦИВИЛ