пишува: Џевдет Хајредини
НА СТРАНА РЕЧНИКОТ, ДА ГОВОРИМЕ ЗА ТОА ШТО НАВИСТИНА КАЖУВААТ БОМБИТЕ
Венецијанската Комисија своевремено препорача и снимките со приватни разговори да се објават, доколку го допираат јавниот интерес.
Али Амети тогаш признаваше дека снимките што ги објавуваше Заев се автентични и повикуваше слободно да се објавуваат и за сите членови на ДУИ, доколку ги има. Подоцна, кога виде дека снимки има и за него, го промени ставот и почна жестоко да се спротивставува на објавувањето.
Инаку, приватен разговор може да се смета, на пример, само кога некој некого прашува за здравјето или како спиел ноќта.
Не е приватен разговорот кога он со Груевски на македонски (без преведувач) се договараат да не се уриваат дивоградби на државно земјиште, кога наредува медиумите да не ги критикуваат него и неговата партија, кога кадри на неговата партија ќе мести во државната администрација и слично.
Такви се и сите разговори кои се слушаат овие денови, исто како и тие пред четири години.
За крајно грдиот, нискиот и невкусниот речник што при тоа се употребува, не треба ни да се зборува, што не значи дека со тоа и тие ќе можат да се фалат.
САМО ВО МАКЕДОНИЈА И СРБИЈА ИМА ТАКВИ ШТО ЈА САКААТ РУСИЈА, АМА НЕ САКААТ ДА ЖИВЕАТ ТАМУ
Сведоци сме дека сите млади(и не само млади) луѓе, од Јужна Америка, Африка и Азија, сонуваат да живеат во Северна Америка и Западна Европа. Само во Македонија и Србија сѐ уште има такви кои многу ја сакаат Русија, а таму не би сакале да заминат ни самите, ниту нивните деца.
НЕ ТРЕБА ДА СЕ КРИЕ ДЕКА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА УСТАНОВИЛА ПРОБЛЕМИ СО КОРУПЦИЈАТА И СО АДМИНИСТРАЦИЈАТА
Од граѓаните на С. Македонија не треба да се сокрие дека во овогодишниот извештај на Европската Комисија пишува и ова:
1. Корупцијата е распространета во многу области и останува прашање за загриженост;
2. Потребни се дополнителни напори за да се зголеми одговорноста на администрацијата и да се спречи нејзината политизација.
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.
Повредата на авторските права е забранета со закон.
Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.