Освен отсуството на Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на вчерашниот пречек на грчкиот премиер Алексис Ципрас, остана забелешката во јавноста на отсуството на државните почести.
Миле Бошњаковски, на денешната прес-конференција уште еднаш потврди дека доцнењето на Ципрас била причината кратење на програмата и отсуство на интонирњето на државните химни и други планирани активности.
Бошњаковски дополни дека ниту вчерашното отсуство на химната има врска со нејзино менување ниту пак, таа ќе се менува. Бошњаковси дециден, химната останува иста.